Навлечени на опиум. Навлечени на опиум. Навлечени на опиум.

Земјоделци во Индија се принудени да организираат деноноќни стражи на своите плантажи со афион. Не заради луѓе туку заради папагали. Птичурините ги сконтале ефектите од билката и не можат да се нафтасаат. Кај и да е, ќе почнат пити да прават.  

Опиумот е голем бизнис во индиската држава Мадја Прадеш во која со афион лиценцирано се насадени над 40.000 хектари афион. 

Освен нестабилноста на дождовите, во последно време земјоделците имаат проблем кој и обично е познат по тоа што сака да повторува - папагалите. Цели јата папагали деноноќно атакуваат на полињата со афион и се прават камења, некогаш на лице место, некогаш кинејќи ги чашките и одлетувајќи во непознат правец, за да се пукнат на раат. 

Едно стебло афион дава околу 20 до 25 грама опиум. Ова папагаливе го имаат укапирано и се станати прави џанаци. Сељаците тврдат дека после ушикувањето знаат летајќи да се залупаат во дрво или пак стонирани да лежат наоколу, но, штом поминат ефектите, ете ги нив повторно на шведската маса.

Земјоделците во последно време организираат 24 часовни стражи, пробуваат со гласни звуци и петарди да ги растераат летечките зависници но слабо им оди па очекуваат и државата да им помогне.

*******

Читател нè потсети дека имаме и поблиски примери. Во српскиот филм Парада, кога Шанац го теши орелот кој проаѓа низ апстиненцијална криза:

 

4 март 2019 - 09:18