Студија објавена во „Кјурент биолоџи“ покажува дека само пет часа спиење навечер се поврзува со јадење пообемни вечери (затоа што му наштетуваш на метаболизмот), здебелување. одложено испуштање на хормонот поврзан со спиење мелатонин и намалување на чувствителноста на телото кон инсулинот.
Она што е поважно во студијата е дека овие ефекти не ги снемува ако за време на викенд си ги отспал минусот часови што ти фалат во неделниот биланс, доколку следната недела продолжи твојот шаблон на неспиење кој е речиси неизбежно дека ќе продолжи.
Слична студија од 2018 покажува дека луѓето кои редовно имаат доволен број часови сон, имаат подобра работа на срцето и метаболизмот.