Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

„Вашингтон пост“ бега од лево, левото бега од него

Сопственикот на „Вашингтон пост“ објави серизоно пренасочување на уредувачката политика на весникот. Одеднаш слободите станаа многу важни. Медиумот што со децении беше наклонет кон лево, сега ќе се насочел кон класичен либерализам. Прв замина уредникот на секцијата за коментари и ставови. По своја волја.

Војната во Украина како адут за економскиот развој на Британија

Војните по дефиниција им носат профит на производителите на оружје. Онаа во Украина поттикна ренесанса во британската воена индустрија и сега премиерот Кир Стармер во тоа гледа надеж за  задвижување на папсаната економија. Има логика: во 10-те години пред руската инвазија, Британија на Украина ѝ продала оружје во вредност од 35 милиони фунти. За трите години војна - 1,1 милијарда.

Не е ли чудно кога талибанците го фалат ББЦ?

Британскиот јавен бродкастер ББЦ со гордост тврди дека е единствениот меѓународен медиум што сè уште зрачи програма во Авганистан. Цената за ексклузивноста е висока - промена на уредувачката политика и арач за поранешен водач на џихадисти што се поврзуваат со киднапирање Британци и самоубиствени бомбашки напади.

Компании перат раце од воук агендата

Што заради бизнис последици (мантрата гласеше „Go woke - Go broke“), што заради сигналите од Трамп дека има намера да го клистрира општеството од програмите за диверзитет, правичност и инклузивност, американски компании масовно бегаат од агендата која до вчера им беше „све и свја“. 

„Бритиш петрол“ ги спушта зелените амбиции

Британскиот нафтен гигант настојуваше да се престрои во „зелениот“ колосек и полињата на нафта и гас да ги замени со капацитети за генерирање енергија од обновливи извори, како ветер и сонце. Ама сметките покажуваат дебел минус, а инвеститорите бараат профит. Отпорот е попуст. „БП“ се прилагодува на „новата глобална реалност“.

Украина им ги дава минералите на САД за право да се бори

"Не можам да ја продадам мојата земја, не можам да ја продадам Украина," храбро порача украинскиот претседател кога ја спукаа со Доналд Трамп околу американскиот ултиматум да им биде понуден договор за ретките минерали на Украина за на САД да не им бидат фрлени во ветар парите кои ги дале за Украина. Неколку дена подоцна, Зеленски прифати договор. 

Во 2011 година запрел растот на животниот век во Европа

Не е ништо ново ако се каже дека лошите животни навики ни го скратуваат животот. Лошо е кога тоа ќе го потврдат научниците со податоци дека просечниот животен век во Европа престанал да се зголемува по 2011 година. Формулата за долговечност останува иста: помалку лоша исхрана, повеќе физички активности.

Падот на УСАИД и глобалната мрежа „независни“ медиуми

Секнувањето на чешмата на УСАИД и паниката која се создаде во глобалниот медиумски пејсаж ја бустираше веќе постоечката криза на терминот „независни медиуми“: како се независни ако се зависни од пари на странска влада? Иако Агенцијата со своите проекти таргетираше странска публика, пораките се враќаа во Америка, овојпат од странски медиуми, како „веродостојни, независни и доверливи“ извори за цитирање.

Барањето за отчет отвори кавги во Белата куќа

Навидум едноставната домашна задача „наведете пет работи што сте ги сработиле во изминатата недела“ ги доведе во вкрстен оган вработените во разузнавачките служби, во ФБИ и во националната безбедност. Од една страна Илон Маск им се заканува: „Кој не одговори, како да дал отказ“, а од друга, нивните шефови ги повикуваат: „Игнорирајте ги мејловите“. 

Туристичка понуда од минатото: Плажите на Марс

Сè уште нема докази дека постоел живот на Марс но, ако постоел, тоа бил убав живот: со океан, плажи, ветре и бранови кои тивко и мрзеливо се преклопуваат за Марсовецот да го фати дремка. Штета што ако некогаш и успееме да стигнеме  таму, ќе стигнеме со мало задоцнување од неколку милијарди години.  

Ковид вакцина знае да спушти имунитет до ниво на ХИВ

По долги и прилично жестоки дебати и преписки, кавги и јавни жигосувања, нова студија од Универзитетот Јејл потврдува дека вакцини против ковид кај некои луѓе може да предизвикаат несакан синдром што се манифестира со заматување на умот, умор и вртоглавица, но и имунолошки последици.

Лондон ѝ ветува празни соништа на Украина

Британските власти, кои упорно ѝ ветуваат на Украина дека ќе ѝ го чуваат мирот, никако да се разбудат од паралелната реалност што самите си ја создадоа и од која им е тешко да се вратат во суровата реалност. Откако патронот и, го сврте грбот а јавноста ги мрази, европските чирлидерки на Украина одржуваат конференции на кои не може да решат ништо и наликуваат на Чаушеску  додека од балконот нервозно мафта пред толпата.

Мерц повика на европска независност од Америка

Идниот демохристијански канцелар Фридрих Мерц си постави приоритет - да ја развие Европа до степен да биде независна од САД. За да го спроведе тоа, ќе мора во владата да ги вклучи и социјалдемократите на досегашниот канцелар Шолц, кој благо речено не се докажа како реформатор. Алтернатива за Германија слави историски успех и спокојно ја следи игранката од страна.

Маск им даде домашна на државните службеници

„Што сработив минатата недела?“ е насловот на домашната задача која федералните службеници треба да напишат и да ја предадат до понеделник во 23:59 часот. Класниот, Илон Маск, им даде насоки тоа да биде опишанo приближно во пет точки и им напомна дека кој нема да ја предаде домашната, може да се смета за отпуштен од работа.

Шолц и Мерц ги скрија трошоците за одбрана под тепих

Со фокусирање кон миграцијата, главните кандидати за канцелар на Германија самите ја префрлија предизборната дебата на теренот на екстремната десница и така ѝ го билдаа рејтингот. Но, и тоа е подобро отколку на гласачите да им ја откријат скриената економска темпирана бомба поврзана со воените трошоци кои допрва може да им затребаат.

Украина не ја започна војната, ама, ја испровоцира

Русија или Кина да пробаа да инсталираат ракетни системи на јужната граница на САД кои би можеле да го погодат Вашингтон или да организираа државен удар за да инсталираат марионетски водач во Мексико Сити, американската војска веднаш ќе испратеше Б-52 да спржи сè од Тихуана до Теотихуакан. А токму тоа се очекуваше да го прифати Русија. Еретичката изјава на Трамп им ги отвори очите на Американците.

Зошто на Србија не ѝ треба Зоран Заев

Спротивно на приоритети на граѓаните и учесниците на протестите, Заев почна да спроведува сосема поинаква агенда, да преговара со Алексис Ципрас за името. На Мартин Нешковски повеќе никој не се сети. Западните дипломати го изгубија интересот, бидејќи тоа за што беа испратени беше успешно завршено: Македонија стана членка на НАТО. Памет во глава, Срби, учете од нашето искуство за да не го гледате и вие истиот цртан филм.

Германски рецепт за (поинаква) нуклеарна хаварија

На патот до нулта емисија („нет зеро“) на јаглеродни гасови, Германија заглави во ќорсокак. Затворањето на сите свои нуклеарни централи, најавено како потег што ќе ја спаси природата, како бумеранг ѝ се врати со енергетска криза, поскапување на струјата, празна државна каса и колапс на владата. Се разбира, и со враќање кон јагленот и тројно поголеми емисии на штетни гасови.

Трамп и Маск ќе частат со парите на УСАИД?

Доналд Трамп и Илон Маск се запалија за идејата да им вратат на Американците една петтина од парите што ќе ги заштеди одделението за владина ефикасност од кратењето непотребни владини трошоци. Тоа би значело поврат на десетици, можеби и стотици милијарди долари на граѓаните. Оние 40 отсто што не плаќаат данок, да не чекаат поштарот да им заѕвони ни еднаш ни двапати.

Политиките на европските елити завршуваат со солзи

Европската политичка елита што своевремено во Обединетите нации им се смееше на критиките од Трамп, сега плаче и остана без збор кога во Минхен го слушна Џеј Ди Венс дека Европа, фонтаната на креативноста до раниот 20 век, се задушува во пререгулација, го ограничува говорот и не издвојува доволно пари за одбрана. Одамна завршија трите славни децении по Маршаловиот план. Америка се сврте кон Азија.

Прво ретките минерали, потоа скапоцениот мир

На Вашингтон му се брза да склучи договор за украинските ретки руди. Од мисијата на специјалниот пратеник Кит Келог во Киев зависи дали Трамп ќе ја продолжи воената помош за Украина или мировните преговори со Русија. Сосема друго прашање е дали Украина воопшто поседува ретки руди од 500 милијарди долари. Главните рудници се окупирани од Русија.

Трамп за Зеленски, од а до ш

Што и да издвоиш од некој говор на Трамп, ќе ти биде криво за она другото што го пропушташ. Кај него нема дипломатски финеси и дриблинзи, префинетост на пораките, потреба од читање меѓу редови. Кај него сè е отворено, брутално и без целофан. Крајно несофистициран грубијан, само што, видовме каде тераат „софистицираните.“

Антитрамп-подкаст го симна Џо Роган од тронот

Подкастот на Џо Роган по долго време повеќе не е прв на топ-листата. На врвот сега се некои нови дечки што објавуваат продемократски вести и вирални видеа против Трамп. Со 48,6 милиони прегледи „Joe Rogan Experience“ останува неверојатно влијателен, но подкастот „MeidasTouch“ на браќата Бен, Брет и Џорди стигна до 56 милиони.

Чувајте трошка емпатија и за луѓето-лами

Социјално непоткованите жители на Северен Јоркшир добија прирачник што им помага како со достоинство, почит и емпатија да им се обраќаат на трансродовите и бинарните лица, но и на разни видови подгрупи, како оние што чекорат на сите четири зашто се чувствуваат како животни. И можеби никој не би имал ништо против прирачникот, ако не бил финансиран од Министерството за финансии на Британија.