
На децата што се идентификуваат како животни, кои одат на сите четири, мјаукаат или почувствувале разни „вончовечки“ искуства, треба да им се пријде со љубов, се препорачува во прирачник финансиран од британското Министерство за внатрешни работи.
Хуманитарната фондација Детско општество во локален прирачник за Северен Јоркшир предупредува на ризиците од злоупотребување, со кои на интернет се соочуваат децата што се идентификуваат како трансродови, небинарни или од разни подгрупи, како „фури“ и „теријани“.
Фурите, на пример, се дефинирани како лица што обземени со животни што се движат или зборуваат како луѓе. Фондацијата забележува дека секој осми фури се идентификува како трансродово или небинарно лице. Теријаните, пак, се лица што тврдат дека имале „искуства како животни“, па затоа понекогаш се движат како четириношци.
Министерот за здравство Ендрју Гвини неодамна беше разрешен поради „расистички и сексистички“ изјави. Новата министерка Ешли Далтон беше критикувана поради ставовите дека луѓето имаат право да се претставуваат и како лами.
Веќе е избришана преписката на Икс помеѓу министерката и лице што ја прашало дали некој би го сметал за нормален ако се претставува како лама. „Да. И треба да ви се обраќаат со достоинство и почит“.
Прирачникот содржи предупредувања до јавните службеници дека е „витално“ да ги користат вистинските изрази, иако се признава дека „има толку многу придавки што не може да бидат опфатени сите во овој документ“.
Вообичаените родово неутралните придавки се „ze/hir“ и „xe/xem“, но тоа не е сè. Се користат и изразите „бејби геј“ за некој што тазе се изјаснил, „сколиосексуалец“ за некој што го привлекуваат небинарни лица, или „џендерквир“ за лица со машки и женски карактеристики. Има тука и лекции за „инсел“ културата (недоброволен целибат), опишана како „лица немоќни да имаат романтичен или сексуален партнер, иако тоа го сакаат“. Погрешното ословување не се смета за голем грев, бидејќи „секое искуство на младите лица е единствено и ние никогаш нема навистина да дознаеме како тие се чувствуваат. Треба да бидеме отворени за сослушување, учење и емпатија“.
Ова е рецепт за конфузија.