Антитрамп-подкаст го симна Џо Роган од тронот

Подкастот на Џо Роган по долго време повеќе не е прв на топ-листата. На врвот сега се некои нови дечки што објавуваат продемократски вести и вирални видеа против Трамп. Со 48,6 милиони прегледи „Joe Rogan Experience“ останува неверојатно влијателен, но подкастот „MeidasTouch“ на браќата Бен, Брет и Џорди стигна до 56 милиони.

Џо Роган го загуби тронот на топ-листата на подкасти, препуштајќи му го на подкаст што го пердаши Доналд Трамп.

За фактор за пресвртот некои ја сметаат јавната поддршка од Роган за Трамп спроти претседателските избори во ноември и особено гостувањето на претседателот во „Joe Rogan Experience“, на кое Трамп говореше за својот прв мандат и за изборите. Интервјуто скроено за младите гласачи, со теми како елиминирање на даноци или боречки вештини, му помогна на Трамп да победи на изборите една недела подоцна, но не му помогна на Роган да ја забетонира популарноста. Напротив.

Само три месеци потоа, најследен подкаст е левичарскиот „MeidasTouch“, чија популарност е зголемена за 101% по инаугурацијата на Трамп. Формиран од браќата Бен, Брет и Џорди Мејселас и опишан како „Продемократска мрежа за вести“ подкастот имал 56 милиони прегледи. „MeidasTouch“ содржи вирални видеа за величање на демократите и критики за Трамп.

Роган сè уште добро се држи, со 48,6 милиони прегледи, но тоа е за 32% помалку отколку во јануари.

 

20 февруари 2025 - 09:27