Со свои зборови:

Трамп за Зеленски, од а до ш

Што и да издвоиш од некој говор на Трамп, ќе ти биде криво за она другото што го пропушташ. Кај него нема дипломатски финеси и дриблинзи, префинетост на пораките, потреба од читање меѓу редови. Кај него сè е отворено, брутално и без целофан. Крајно несофистициран грубијан, само што, видовме каде тераат „софистицираните.“

Помислете на тоа, скромно успешен комичар, Володимир Зеленски, ги убеди Соединетите Американски Држави да потрошат 350 милијарди долари и да влезат во војна која не може да се победи, војна која не мораше да почне и војна која без САД и „ТРАМП“, тој никогаш нема да може да ја реши.

САД потрошија 200 милијарди долари повеќе од Европа, европските пари се гарантирани а Америка нема да добие ништо назад. Зошто поспаниот Џо Бајден не бараше изедначување во оваа војна која многу поважна ѝ е на Европа отколку нам - нас нè дели голем и прекрасен океан.

Згора на сè, Зеленски призна дека половина од парите кои сме им ги пратиле „ИСЧЕЗНАЛЕ“. Патем одбива да оди на избори, стои слабо на украинските рејтинзи, добар е единствено во тоа да го работи Бајден ко бавча. Диктатор без избори, на Зеленски му е најпаметно да реагира брзо или нема да му остане држава.

Во меѓувреме, ние со Русија успешно преговараме да ѝ ставиме крај на војната, нешто за кое сите признаваат дека само „ТРАМП“ и админстрацијата на Трамп може да го направи. Бајден никогаш не се обиде, Европа не успеа да донесе мир а Зеленски веројатно само сака да ја продолжи „шемата“.

Јас ја сакам Украина ама Зеленски одработи многу лошо, земјата му е разбиена а МИЛИОНИ непотребно загинаа. И сето тоа продолжува...

Доналд Трамп

20 февруари 2025 - 09:52