Вести

Бујакаша!

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Саша Барон Коен на големото платно го враќа еден од своите најпровокативни ликови, помпезниот и лажен  англиски „фраер“ Али Џи. „Фактот дека Али Г и денес е проблематичен е причината заради која решив повторно да го оживеам,“ објаснува Коен.

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“. 

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.

Речник

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Педро Санчез беше златниот дечко на западните прогресивни кругови. Промовираше феминизам но во воведе закони кои ја бришат суштината на законските заштити на жената. А додека неговата влада ветуваше дека ќе се справи со проституцијата во земјата, негов министер си набави проститутка од веб платформа.  

Трамп барал да се хакира машина за гласање

Трамп упорно бара укинување на гласачките машини со кои „му била украдена победата“ на изборите во 2020 година. Лани побарал од Агенцијата за кибернетска безбедност тајно да хакира една од машините. Откако бил одбиен, отпуштил една третина од вработените во агенцијата, која самиот ја основаше заради заштита на регуларноста на изборите.

Западот страда од безнадежност

Меѓугенерациската безнадежност носи револуции. Дури и ако луѓето видат дека предлозите на популистите или екстремистите нема да функционираат, тие сакаат да го срушат стариот систем затоа што ги изневери нив и нивните деца. Тие имаат малку што да изгубат, пишува поранешната естонска претседателка Керсти Калјулаид, опишувајќи ги причините за немирите низ Европа.

Да го праќаме Тодоров?

Фотографијава не е некоја раритетна "кинезштина" туку вообичаена глетка во сиромашна провинција на Кина каде на учениците им рекле освен стандардните тетратки и моливи, со себе да понесат и клупа.

Нокиа падна на реклама

Нокиа го промовираше нивниот "носечки телефон" Lumia 920, кој е првиот телефон оптимизиран за Виндоус и кој во основа треба да ја спаси компанијата. Еден ден потоа сите зборат за тоа како Нокиа лажела на рекламата.

Најбогатата жена на светот ја трола Австралија

Иако е најбогатата жена на светот, Џина Ринехарт "глобалната слава" ја стекна минатата недела кога порача Австралијците помалку да пијат ако сакаат да станат милионери. Сега има нов предлог.

Егалите во бикини

Првата дама на Франција судски ќе добие отштета од еден магазин затоа што објавил нејзини фотографии во бикини. Цаката е што таа работи во конкурентен магазин од тужениот а во него истите слики беа објавени без проблем.

Обновливи извори на енергетски профит

Жестока конкурентска битка владее во британскиот енергетски сектор па сепак компаниите успеваат да ги одерат корисниците. Цехот најмногу го плаќаат лојалните муштерии.

Грците по 6 дена на работа

Европската комисија, Европската централна банка и ММФ имаат едно унифицирано барање за Грците - има да работите 6 дена во неделата.

Ако си дебел, не значи дека не си спремен

Човек може да има прекумерна тежина, ама и покрај тоа да биде физички подготвен и здрав како и човек со нормална тежина.

Израел е еден ама Палестини се две

Речиси 65 години по формирањето на израелската држава, Палестинците не можат да се поднесат со - другите Палестинци.

Ферарито што ја раздрма Кина

Комплетното предавање на власта во Кина се искомпликува, откако едно Ферари во март годинава се слупа во мост во Пекинг.

Мекдоналдс тргна на зелено

По 72-години работење, Мекдоналдс го направи веројатно најрадикалниот потег во својата историја - отвори исклучиво вегетаријански ресторан.

Сè знаат, ама изгледа џабе

Секој што користи торент за симнување на филмови и музика, е мониториран и тоа во рок од најмногу 3 часа, тврди едно истражување од Универзитетот во Бирмингем.

Бегалка на романски начин

Една од форите на свадбите во Романија е киднапирање на невестата за време на веселбата. За несреќа на добар дел од младоженците, до сега сите невести се спасени.

И од пајак има бетер

Секогаш е глупо да бидеш пијан додека возиш, иако далеку е поглупо да бидеш пијан додека возиш булдожер на паркинг.

Русите ги позлатиле адвокатите

Топ 100-те адвокатски фирми во Лондон минатата година имале профит од 6,8 милијарди евра, што е раст од 8%, и тоа во најголем дел благодарејќи на расположените руски олигарси.

Помалку канти за помалку ѓубре

Звучи како нешто за што радо би твитале едно недела дена, ама функционира - за да го исчисти метрото, Њујорк ги отстрани кантите за ѓубре.

Како алкохолот ве прави пијани

Што се случува откако ќе го консумирате алкохолот и како тој се разигрува низ вашето тело, за на крај да не можете да станете од маса.

Не така филмско лето

Холивуд би бил повеќе од среќен кога би можел да му направи комплетен римејк на летото, кое по нивните бројки завршило ужасно лошо.

Преслаткиот канадски грабеж

Канада како домаќинска држава има национални резерви на - јаворов сируп. Од неодамна, од резервите им недостасува сируп во вредност од 30 милиони долари.

Поклон за примерно однесување

Добро: да добиеш 100 долари од твоите. Уште подобро: да добиеш 500 долари до твоите. Нема подобро: да добиеш 3 милијарди долари од твоите.

Олигарх против олигарх

Некогашните пријатели Абрамович и Березовски имаа недоразбирање од 3,2 милијарди фунти. Одлучија да го решаваат сред Лондон. Березовски изгуби. Неколку извадоци од целата работа.

Денот на 007

50 години по премиерата на Џејмс Бонд во Доктор Но, компаниите кои стојат зад најдолготрајната филмска франшиза на светот, ќе го прослават роденденот со започнување на глобален Џејмс Бонд ден, на 5-ти октомври.

Од чашата си патиме

Причината зошто многу и брзо пиете пиво нема никаква врска со тоа колку сте дрчни, туку директно е поврзана со тоа колку ви е заоблена чашата.

Хумор со хендикеп

Смее ли човек да се зеза со инвалидизирани лица или се подразбира дека е тоа невкусно, макар тие биле познати и јавни лица? Овојпат контроверзите ги предизвика шкотскиот комичар Френки Бојл со неколку свои ремети на сметка на параолимпијците.

Пролетери од сите земји, напијте се

Да обележиме еден важен јубилеј: овие денови навршија точно 168 години од една пијанка. Озбилна, повеќедневна, епска. Тешко дека ќе најдете некоја друга која повеќе го сменила текот на историските настани. Другари и другарки, деновиве пред години во Париз за првпат се среќаваат Карл Маркс и Фридрих Енгелс. И се прават - манифест.