Настанот е спонзориран од Сони, ЕОН, МГМ и Твенти Сентури Фокс, а официјално ќе започне со прикажување на новиот документарец " Everything or Nothing: The Untold Story of 007," во кој се раскажува приказната за тоа како авторот Иан Флеминг и продуцентите Алберт Броколи и Хари Салцман, ги претвориле книгите во филм.
Денот ќе се одбележува и во Музејот за модерна уметност во Њујорк, потоа во Лос Анџелес ќе има Вечер со Бонд Музика организирана од Академијата за филмски уметности и науки, добротворна аукција во Кристис и изложба на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.
Како екстра на сето ова, филмските студија ќе спроведат глобална анкета која еднаш засекогаш треба да реши кој е најдобар Бонд.