Валери Триевелер бараше 30.000 евра отштета, доби околу 2.000 евра па сепак, ваквата контроверзна одлука на судот во Париз се толкува како сериозен правен удар врз слободата на новинарите и нивната рамноправност пред законот.
Триевелер го тужеше магазинот VSD заради објавени фотографии од неа и францускиот претседател на азурниот брег, иако нејзиниот матичен Пари Мач во кој таа е колумнистка ги објави истите фотки.
Многумина веруваат дека фото сесијата во шорцеви и бикини ја има организирано самиот Оланд за да ја увери јавноста дека сè уште многу ја сака својата контроверзна девојка.
Двојката се обидува на секој начин да ги демантира гласините дека претседателот ќе ја откачи Валери затоа што се обиде да ја уништи кариерата на неговата прва сопруга и мајка на 4 негови деца, Сеголен Ројал, јавно лобирајќи во корист на нејиниот политички ривал на парламентарните избори.