Резултатот од експериментот на градските власти е помеѓу 50 и 67% помалку ѓубре, што службите морале да го соберат од метрото. Идејата зад целиот проект е дека патниците со метрото, кои нема да видат канта ќе почекаат до некое друго место за да го фрлат ѓубрето.
Сега одделот за градска чистота планира истото да го направи на уште 8 станици во метрото, а со тек на време комплетно да ги отстрани кантите за ѓубре низ целото метро.
По нивните пресметки ова ќе доведе до сериозно намалување на 14-те илјади тони ѓубре што годишно се вадат од метрото во Њујорк.
Инаку, метрото во Лондон повеќе од една деценија функционира без канти.