На страна профитот, вкупната сума што ја фактурирале адвокатите е порасната за 17% и изнесува 21 милијарда евра.
Освен завршениот процес меѓу Абрамович и Березовски (кој се верува дека го постави рекордот во британското судство со вкупни трошоци, чинејќи над 120 милиони евра), во лондонските судови на ред чека парница меѓу Олег Дерипаска и узбекистанскиот бизнисмен Михаил Черни, а тука е и завршениот случај против казахстанскиот милијардер Муктар Аблијазов.
"Парниците на руските клиенти се огромен извор на приходи за голем број компании. Русите преферираат да ги решаваат своите случаи во Лондон бидејќи го прифаќаат нашиот систем како фер систем, а имаме и многу добри судии и адвокати," објаснува уредникот на Legal Business магазинот.
Секоја од првите 3 адвокатски компании во Лондон заработиле над 1 милијарда долари, а топ 100-те компании вработуваат над 100.000 лица.