Обично свадбата е во полн ек кога пријатели ја киндапираат невестата, ја носат до еден споменик во центарот на Букурешт.
Кога ќе стигнат таму тие бараат откуп од младоженецот во форма на неколку шишиња виски или ветување за бескрајна љубов. Преговорите се одвиваат строго професионално преку телефон.
Целата работа започна пред неколку години, кога еден од најпознатите романски фудбалери реши да ја побара својата девојка за сопруга под Тримфалната капија во центарот на Букурешт. Иако во овој случај немаше "киднапирање," тоа брзо беше додадено во новиот обичај.