Анализата на 43.000 лица покажала дека дебелината самa по себе не преставува голем ризик за здравјето. Клучот е во "метаболичката подготвеност" на организмот, што значи немање висок крвен притисок, холестерол или шеќер во крвта и редовно вежбање.
Во истражувањето 18.500 лица биле дебели, од нив половина биле металболички здрави. Од нив, оние кои немале дијабет, висок холестерол или крвен притисок, во основа биле физички поподгтовени од останатите дебели луѓе.
Кај оваа група шансите од развивање или умирање од срцеви болести или рак, била идентична како и кај луѓето со идеална тежина.
"Малку вежбање може да го подобри вашето здравје, дури и ако имате вишок килограми. Ова истражување уште еднаш ја истакнува важната улога што физичката активност и подготвеност ја има за здравјето," објанснува првиот човек на истражувањето, др. Франциско Ортега.
Неговите колеги потврдуваат дека не е секогаш важна дебелината, туку каде ви се распределени масните наслаги и колку сте физички активни.