Проверката на магацин во Квебек покажала дека се украдени 4.536 тони јаворов сируп, објави Федерацијата на производители на јаворов сируп во Квебек, која е одговорна за одржување на стратешките резерви од сирупот.
Квебек произведува меѓу 70 и 80 проценти од светскиот јаворов сируп, меѓутоа од федерацијата порачуваат дека глобалното снабдување не е во опасност, бидејќи станува збор за огромна количина која нема сама од себе да исчезне и кога тогаш ќе се појави на пазарот.