Трите организации испратиле писмо до властите во Атина, во која бараат од Грција "да ја зголеми флексибилноста на работната недела," што ќе им дозволи на работодавците во сите сектори да воведат 6-дневна работна недела.
Во писмото објавено од Гардијан, се советува да се укинат и други работни забрани, како минимум време за одмор да се намали на 11 часа дневно, или да се укинат ограничувањата на минимално и максимално време помеѓу утринската и пладневната смена.
Тие предлагаат "еднаква задолжителна минимална плата," намалување на трошоците за социјално на работодавците и дерегулација на пазарот на труд.