Вегетаријанскиот МекДоналдс треба да биде отворен следната година, а првата локација (сосема логично нема да биде во САД) ќе биде во Индија, во близина на Амристар.
Изборот на градот Амристар е заради неговата близина до Златниот храм, во кој е сосема забрането јадење на какво било месо. Следниот ресторан на оваа тема е планирано да се отвори во Катра, уште едно религиозно место на кои секоја година стотици илјади Хиндуси одат на аџилак.
Менито на МекДоналдс во Индија веќе е 50% вегетаријанско, без понуда на свинско и говедско месо, а речиси 25% од продажбата отпаѓаат на McAloo Tikki, бургер базиран на компир.
Од вкупно 33.000 МекДоналдси во цел свет во Индија, на 1,2 милијарди луѓе компанијата има отворено само 271 ресторан. Во САД има 12.800.