Ворен Бафет вети донирање на дополнителни 3 милијарди долари од акциите на Беркшир Хатавеј во фондациите управувани од неговите деца.
Во писмото објавено на неговиот 82-ри роденден, Бафет порача дека е задоволен како неговите деца ги водат фондациите и затоа на секоја од нив и подарува по 12,2 милиони акции од компанијата. Во 1996-та, Бафет даде 17,5 милиони акции од неговата компанија за фондациите на секое од неговите деца.
"Уверен сум дека паметно ќе ги трошите моите пари, секој на свој начин," напишал Бафет, по чии процени дистрибуцијата на пари не би требала да надмине повеќе од 100 милиони долари годишно.
Питер Бафет ја раководи НоВо фондацијата која се бори против нееднаквоста меѓу половите. Хауард Бафет ја раководи Хаурад Г. Бафет Фондацијата, која работи во земјите во развој на унапредување на земјоделството и испораката на чиста вода. Сузан Бафет ја има фондацијата Шервуд, кој спонзорира иницијативи за предвремено образование за деца во САД и поддржува непрофитни организации во Омаха.