Од првиот викенд во мај, до 3-ти септември, Холивуд на благајните во Северна Америка заработил 4,28 милијарди долари. Она околу што тие се разочарале е што оваа сум е за 3% помала отколку во 2011-та.
Проблемот на филмските студија е што оваа е најголем пад на приходите во изминатите 7 години, и покрај тоа што кино влезниците се поскапени.
Лошата година релативно беше спасена со приходите на Авенџерс и Бетмен од меѓународните кино-благајни, каде двата филма заработија 900 односно 570 милиони долари.
Најголемо промашување на летото беше Battleship, кој на студиото Универзал му направи загуба од 83 милиони долари.
Освен редовното плукање по пиратеријата, за Холивуд главни виновници за минусот се Олимпијадата, која одвоила добар дел од публиката од кино салите и убиството на 12 лица во киното во Аурора, по кое дури 25% од испитаниците изјавиле дека не би посетиле кино сала во скоро време.