- Ова е најскапото судење во историјата на Британија, и вкупно чини околу 150 милиони фунти (за адвокати и судски трошоци).
- Адвокатските трошоци се 50 фунти од секунда (и ќе треба да ги плати Березовски затоа што изгуби).
- Березовски изгуби затоа што судијката го проценила дека е преварант: "Го сметам Березовски за невпечатлив и континуирано непостојан сведок, кој ја смета вистината за минлив и флексибилен концепт кој треба да се обликува по неговите актуелни ставови. Во одредени случаи доказите кои тој го даде беа очигледно нечесни, а понекогаш и ги измислуваше додека сведочеше. Тој ќе кажеше речиси се што е во корист на неговиот случај."
- Березовски бараше оштета од 3,2 милијарди фунти.
- Березовски и Абрамович се запознаваат на јахта на Карибите во 1995-та. Судењето пред високиот суд во Лондон започнува во 2011-та.
- Березовски вреди 3 милијарди долари / Абрамович вреди 13,4 милијарди долари.