- Има најразлични форми на молекули на алкохол, меѓутоа во најголемиот број од случаите, луѓето го консумираат - етанолот.
- Етанолот благодарејќи на неговите карактеристики (влегува во крвоток, минува низ мембраните на клетките...) се движи низ речиси сите делови на телото и успева да стигне и до мозокот.
- Таму влијае на посебен дел од мозокот (nucleus accumbens), кој се наоѓа меѓу центарот за награда и деловите задолжени за асоцијации и сеќавање.
- Тука предизвикува ослободување на големи количини на допамин (кој прави луѓето да се чувствуваат добро и самоуверено).
- Од тука продолжува низ остатокот на мозокот, каде се врзува со секакви видови на рецептори и го спречува активирањето на нервите. Тука "фатално" е неговото врзување со рецепторите за глутамин, кои ги блокира, со што ја успорува активацијата и генералното функционирање на мозокот.
- По ова стануваме смирени и поспани. Токму заради овој ефект се верува дека кофеинот помага во отрезнувањето. Всушност, тој помага човек да не се чувствува поспан, ама не може да ги деблокира тие рецептори.
- По сето ова, организмот се справува со алкохолот на неколку фронтови: 1. тој се разлага во црниот дроб (алкохолот директно не му е штетен на црниот дроб, туку елементите на кои тој се распаѓа ја прават целата штета), 2. се обработува во бубрезите и излегува преку урина, 3. испарува од кожата или 4. го издишувате.