Во интервју објавено од БиБиСи, таа на своите сограѓани им порача малку да погледнат кон Африка и кон тамошните работници.
"Африканците сакаат да работат. Тие работат за помалку од 2 долара на ден. Мора да бидеме реални, а не само да промовираме класна војна. Ако се натпреваруваме на Олимпијадата подеднакво млитаво како што се натпреваруваме во економијата, тогаш ќе имаме протести на народот," изјави 30 милијарди долари, вредната Ринехарт.
Минатата недела во еден магазин, Ринехарт напиша статија во која објаснуваше дека "не постои монопол на станување милионер." Таму напиша:
"Ако сте љубоморни на тие со повеќе пари, немојте само да седите таму и да се жалите. Направите нешто за повеќе да заработувате, потрошете помалку време на пиење, пушење и дружење, а повеќе време на работа."
Инаку, таа е подеднакво строга за пари и со нејзините деца. Дури 3 од нејзините 4 деца ја тужат за да добијат пристап до фондот вреден милијарди долари. За нив, Ринехарт има изјавено дека се "мрзливци кои треба да најдат вистинско вработување."