Вести

Трамп барал да се хакира машина за гласање

Трамп упорно бара укинување на гласачките машини со кои „му била украдена победата“ на изборите во 2020 година. Лани побарал од Агенцијата за кибернетска безбедност тајно да хакира една од машините. Откако бил одбиен, отпуштил една третина од вработените во агенцијата, која самиот ја основаше заради заштита на регуларноста на изборите.

Западот страда од безнадежност

Меѓугенерациската безнадежност носи револуции. Дури и ако луѓето видат дека предлозите на популистите или екстремистите нема да функционираат, тие сакаат да го срушат стариот систем затоа што ги изневери нив и нивните деца. Тие имаат малку што да изгубат, пишува поранешната естонска претседателка Керсти Калјулаид, опишувајќи ги причините за немирите низ Европа.

САД ќе тестираат „топлински топ“ за разбивање толпи

Американската полиција позајми од Пентагон „топлински топ“ за да го тестира за акции за одбивање мигранти или демонстранти. Оружјето е слично на „звучниот топ“ - за кој сè уште не се знае дали бил користен или не против демонстранти во Белград – и на „дискомбобулаторот“ со кој, според Трамп, САД ја парализирале војската на Венецуела кога го грабнале Мадуро. 

Речник

Португалија го укинува „здравствениот туризам“

Португалскиот парламент настојува да ја укине мерката која овозможуваше бесплатни здравствени услуги на странци и нелегални имигранти. Португалија стана популарна дестинација за „здравствен туризам“. Во изминатите пет години им била укажана грижа на повеќе од 141.000 странци без здравствено осигурување, со што останале ненаплатени услуги од 15 милиони евра.

Луѓето на Трамп во трка по адвокати

Членови на администрацијата на Доналд Трамп, советници од Белата куќа, пониски службеници, па и компании што соработувале со владата, забрзано настојуваат да ангажираат адвокати за да ги бранат од очекувани тужби ако демократите победат на изборите за Конгресот во ноември. Трамп како претседател има посилен имунитет, а и веќе издржа два импичменти во својот прв мандат.

Мерките против ковид биле „смртна пресуда“ за најранливите Британци

Иако е општо познато дека постарите луѓе се екстремно ранливи на респираторни вируси, британските власти на почетокот на пандемијата на ковид не ги заштитиле луѓето згрижени во домови за нега. Меѓу нив префрлале нетестирани пациенти од болници, по што вирусот се проширил како пожар. Фокусот бил да се заштити здравствениот систем, покажува нов извештај.

Среќа e да имаш повеќе од комшиите

Клучот на личната среќа се сведува на тоа дали заработуваш повеќе пари од соседите.

Операција зора - педантните турски немири

Минатиот петок започнаа немирите во Истанбул откако турските демонстранти го окупираа малиот зелен простор во центарот на градот познат како паркот Гези. Затоа што не го чуваат само со викање, тие не дозволија паркот да се претвори во гнаса.

Нека јадат... дрва

Бидејќи на планетава никако да се нафтасаме со храна а дрвја фала богу сè уште има, умни тие научници решиле да ни најдат начин како да ни ги направат дрвата хранливи.

Кошмарот на работењето во Кина

Неделава во пожар во Кина загинаа 119 работници. Бројка која колку и да изгледа страшно нема на ниту еден начин сериозно да го зголеми годишниот број на жртви на работно место во Кина.

И од плата се живее, ако си банкар

Во првите 3 месеца од 2013. Голдман Сакс одвоил 4,34 милијарди долари за плата на своите вработени. Компанијата има 32.000 вработени.

Како Зинга сама себе се порази

Првиот човек на компанијата призна дека сами се виновни за константниот пад (и отпуштањето на 520 вработени) бидејќи не успеале со време да се префрлат на мобилни уреди. Не сите се согласуваат околу тоа што е неуспехот на фармерите.

Како да ги изладиме градовите без користење клима

Додека сериозно помагаат во разладувањето на нашите домови, климите сериозно одмагаат со зголемување на вкупната горештина во градовите.

Ќе ни плаќаат да бидеме здрави

Од следната година, администрацијата на Обама започнува со проект со кој парично ќе се охрабруваат вработените да бидат здрави. Оф корс, колку сме поздрави, тоа подобро и подолго ќе тегнеме. И со магарињата е исто.

Еднаш се дипломира

Добро, одиш во Дизниленд и не штедиш. Се возиш на што сакаш, им купуваш карти на пријатели, частиш по некоја пијачка, пак се возиш. Ама како е можно на тој начин да потрошиш 20 милиони долари?

 

Пораснуваме

Тајландската Влада започна кампања со која на своите граѓани од сите возрасти им препорачува да пијат барем една чаша млеко секој ден. Главна цел на кампањата е нацијата да порасне и тоа во висина. Таргетот е 8 сантими.

33 години CNN

Cable News Network неодамна наполни 33 години од своето постоење во кое 24/7 ги прави вестите глобални. Имаме избор на некои битни случувања фатени и обработени од екипите на оваа телевизија.

Куклите да престанат со провокации

Растечкото сексуално насилство над жените во Индија, локалните власти во Мумбаи решија да го сопрат со забрана за покажување женски кукли во излозите на продавниците. 

 

Нема порнографија на наочарите

Веднаш штом се појави првата апликацијз со експлицитна сексуална содржина за наочарите на Гугл, компанијата ги смени своите правила и најави дека низ нивниот гаџет нема да може да се гледа порнографија.

Хрватските деца добиваат овошје

Од идната школска година Хрватска започнува проект кој треба да го зголеми конзумирањето овошје меѓу децата од пониските одделенија.

Византија како пцовка

Има така некои историски, географски и културолошки термини чие значење варира од идеолошкиот контекст во кој се употребени. Еден од нив е Византија и придавката „византијско", кои особено за оние позападно од нас, дури и во современи, „цивилизирани" услови, сè уште имаат негативно значење. Еве како Хрватите ја доживуваат Византија, без да знаат за што всушност зборуваат. А веќе не остана ни кој да им објасни.

За малите супер херои

JWT, заедно Ворнер Брос и А.Ц. Камарго центарот за рак во Сао Паоло, изработија супер моќна кампања која треба да направи децата болни од рак помалку да се исплашени од хемотерапија.

Салати за мир во куќа

Салатите носат меѓу 2 и 3% од вкупните приходи на МекДоналдс, меѓутоа и понатаму се на менито бидејќи тоа е полесно отколку да слушаат кенкање.

Архитектонските фантазии од Њујорк

Станицата Пенсилванија е најпрометната железничка станица во САД, која опслужува околу 300.000 патници дневно. Над неа се наоѓа Медисон Сквер Гарден. Станицата веќе работи со два пати поголем капацитет од предвиденото, салата е на добар пат да ја изгуби дозволата за поседување на земјиштето на кое е изградена. Сега бараат решенија.

Хотелите не веруваат во собна услуга

Хилтон Њујорк е на пат да укине една од најраспространетите хотелски услуги затоа што не се исплати. Добрата вест е што нашиот најголем национален интерес "ол-инклузив" останува недопрен.

Сирија само што почна да ја трола Турција

Земјата што е заглибена во бескрајна и разурнувачка војна, сосема цивилизирано на своите граѓани им порача да не патуваат во Турција "заради насилството на владата на Ердоган врз мирољубивите протестанти."

Папучар

"Жената своја во толкава мерка ја уважуваше и толку од неа се плашеше што дури и ја сакаше".

Црните Пантери против Златна Зора

Емигрантите црнци во Атина почнаа да се организираат во групи за заштита и да ги патролираат населбите во кои живеат, за да се одбранат од постојаните напади од нео-нацистите од Златна зора.

Ќе има продолжение на Блејд Ранер

Ридли Скот ќе биде режисер, Харисон Форд ќе глуми во филмот, а сега се чека продуцентот и сценарист Мајкл Грин (Heroes, Green Lantern) да ги заврши преговорите и да потпише.

Како би изгледал светот кога сè би било на место

Дури и ако континентите се вратат во својата оригинална позиција (од времето на Пангеа), нам исто ни се фаќа, ниту еден комшија нема да ни се смени и пак нема да имаме море. Ама затоа Србија, Австрија и Унгарија ќе имаат.