Сирија, во која од почетокот на немирите се убиени над 80.000 лица а над 1 милион се раселени (од кои 370.000 во Турција), го објави следното соопштение околу Турција:
"Министерството за надворешни работи ги советува граѓаните на Сирија во овој период да не патуваат во Турција од безбедносни причини, заради влошената безбедносна ситуација во неколку турски градови... и насилството на владата на Ердоган врз мирољубивите протестанти."
Изминатите денови во судирите со полицијата имаше 1.700 уапсени, и над 1.000 повредени. Демонстрациите започнаа во Истанбул против плановите на владата да уништат еден парк (последното јавно зелено место во градот) и на негово место да изградат трговски центар.