Овошјето ќе се дели најмалку еднаш неделно и ќе го добиваат сите мали деца во текот на целата учебна година.
Целите на оваа мерка е да се промовираат и обликуваат здрави прехрамбени навики и да се зголеми свеста за важноста на овошјето и зеленчукот во правилниот раст на децата па тоа ќе се дели како засебен оброк.
Проектот чини 1,34 милиони куни. 75 проценти од парите ги обезбедува европскиот буџет за земјоделство а остатокот ќе се плати од хравтскиот буџет.
26 проценти од школските деца во Хрватска се прекумерно тешки, 66 % не јадат овошје секој ден а зеленчук секојдневно конзумираат само 24 проценти од учениците.