Од почетокот на протестите, кои подоцна се проширија против про-исламистичката владејачка партија и премиерот Ердоган, илјадници турски граѓани излегоа на улиците во Истанбул и 48 други градови. Движењето #OccupyGezi постојано беше во судири со полицијата, во кои имаше илјадници повредени.
Премиерот Ердоган демонстрантите ги нарече "група крадци и маргинални групи." Про-владините медиуми ги обвинија дека во немирите демонстрантите направиле повеќе штета на околината за која се борат отколку добро.
За подобро да се справат со овие обвинувања, протестанти започнаа со организирана кампања за чистење на Истанбул. Во работата се приклучи и турскиот Гринпис.