Американската администрацијата штотуку ги објави конечните правила за својот велнес програм за вработени по кој со пари ќе се охрабруваат или обесхрабруваат животните навики на луѓето.
Критичарите тврдат дека е тоа залудно фрлање пари бидејќи износите не се доволни некој коренито да ги смени своите навики па на крај проектот ќе се сведе на казнување на оние со послабо здравје.
Доктор Кевин Волп од Центарот за охрабрување на здравјето и бихејвиористича економија вели дека не е така едноставно некому да му платиш за да живее здраво. Луѓето повеќе реагираат на краткорочни задоволства (да изедеш уште едно парче пица), отколку на нивните долгорочни последици (што ќе се направиш прасе).
Наградите исто така не влијаат врз сите навики подеднакво. Некои потешко се менуваат (откажување од цигари) за разлика од некои други (носење деца на редовен лекарски преглед). Ефектот на стимулациите во голема мерка зависи од контекстот на наградата и начинот на кој е таа пласирана.
Волп правел истражувања со пушачи во General Electric. Сите добиле информација за програма за одвикнување но само на половина од нив им била понудена награда (100 долари за пријавување во програмата, 250 ако не пушат 6 месеци, 400 ако продолжат да не пушат). Во групата на која им биле понудени пари интересот за програмата бил три пати поголем отколку кај другите. Но, откако компанијата понудла пари за сите кои ќе престанат да пушат, фирмата се соочила со поголем проблем: непушачите се побуниле и прашале зошто фирмата им дава пари на пушачите кога и онака треба да престанат со тоа, а тие не добиваат ништо.
Експертот има особени забелешки околу казнувањето на нездравите навики бидејќи смета дека на тој начин, луѓето ќе се принудуваат многу поуспешно да ги кријат своите лоши навики.