
Мумбаи забрани куклите во излозите да се облекуваат со долен веш или провокативна облека. Општинарите таму сметаат дека таквата одлука не само што ги навредува жените туку ги предизвикува мажите.
Од текстилниот сектор сметаат дека ваквата забрана е смешна потсетувајќи дека денес секој има пристап до секакви содржини преку интернет.
Да, ама гледањето непримерни содржини е работа на личен избор, а женските кукли по градот не можеш да ги избегнеш, одговараат локалните власти.
Долен веш и останатата интересна облека сопствениците на продавници ќе можат да ја изложуваат само во внатрешоста на своите објекти.