Најголемиот хотел во Њујорк, со 2.000 соби, планира од август годинава да ја укине собната услуга, а со тоа ќе отпушти и 55 вработени.
Главната причина е што оваа услуга е станата сериозно скапа и за гостите кои не сакаат да ја платат цената, и за сопственикот кој треба да исплаќа високи плати.
"Луѓето не сакаат да плаќаат 7 долари за испорака или да чекаат 45 минути за да им ја испорачаат храната или да ја дочекаат собната услуга полуголи."
Планот на Хилтон Њујорк е воведување на мини кафетерија - ресторан во кој гостите ќе можат да земат храна за носење. Други хотели кои ја разгледуваат идејата, планираат воведување на продавници кои ќе бидат отворени 24 часа.