Носител на проектот е професорот Персивал Жанг кој иако работи во американски институт за био инжинеринг, изгледа сè уште ги нема заборавено гладните години минати во Кина па главна преокупација му била да го реши планетарниот проблем со храната.
Од една страна, одгледувањето храна има ограничени ресурси: вода, земја, семе... Од друга, наоколу има толку билки кои не бараат моногу, а ете, си растат.
Што имаат тие најмногу? Целулоза. Таа не се јаде ама затоа може да се разбие, да се регрупираат молекулите и цела таа биомаса да се претвори во хранлив скроб кој сочинува 50-60 проценти од човековата исхрана.
Жанг веќе го има публикувано процесот на претворање целилоза во скроб за што се потребни ензими за да се добие јаглерод хидрат наречен амилоза кој имал слаткаст вкус и наликувал на пченкарен скроб.
Тој не е единствениот кој размислува во овој правец. На НАСА одамна им изгледа интересна идејата астронаутите на долги мисии да одгледуваат растенија кои ќе се јадат.
Иако веќе постојат индустриски примери за добивање скроб од разни материјали, Жанг вели дека неговата процедура е уникатна бидејќи може која било биомаса да ја претвори во нешто што се јаде.