Властите на Тајланд од своите граѓани побараа да пијат барем една чаша млеко дневно за да се зголеми националниот просек на височината и да се зголемат очекувањата за подолг живот.
Владата верува дека ако кампањата земе замав, височината на 18 годишните Тајланѓани за 10 години може да биде поголема за 8 сантиметри. Моментално се на 167 (машките) и 157 (женските) сантима. А очекувањата за животниот век да се зголемат од сегашните 74 на 80 години.
Тајланѓаните едноставно, не пијат млеко. Во продавници може да се најде млеко главно како додаток за кафиња. Просечно пијат 14 литри годишно, далеку под регионалниот просек од 60 литри и светскиот од 103,9 литри годишно по човек.
Наспроти 14-те млечни литри, Тајланѓанец годишно пие по 44 литри алкохол со што земјата го држи високото 5-то место во светот.