Кошмарот на работењето во Кина

Неделава во пожар во Кина загинаа 119 работници. Бројка која колку и да изгледа страшно нема на ниту еден начин сериозно да го зголеми годишниот број на жртви на работно место во Кина.

70.000
работници годишно умираат во Кина од несреќи на работно место. Ова е околу 200 дневно. И ова е помалку од 75.572 во 2011-та и 79.552 во 2010-та.

119
луѓе загинаа во пожарот во понеделникот, кој беше најсмртоносниот пожар во историјата на Кина. Најголем број беа заглавени во фабриката, бидејќи вратите за излез што можеа да ги искористат за бегање беа запечатени.

70
работници беа повредени во пожарот.

3
минути му требаа на пожарот за да ја зафати целата фабрика по експлозијата.

87
работници беа убиени во пожар во фабрика за играчки пред 20 години. Вратите на оваа фабрика беа исто така заклучени, наводно за да се спречи евентуална кражба.

281
рудар загинаа во 2008-ма, во затрупување на рудник.

58
жители загинаа во 2010-та кога една висококатница ја зафати пожар предизвикан од заварување. Подоцна директорот на локалниот градежен комитет беше уапсен заради злоупотреба на позицијата при изборот на компанија што ќе го врши заварувањето.

230
милиони луѓе ја сочинуваат емигрантската работна сила, која се преселува од селата во градовите и ја обезбедува евтината работна рака која го храни економскиот бум на Кина.

676.541
случај на пнеумокониоза е регистриран во Кина, заболување на дишните патишта кое е предизвикано од продолжена изложеност на прашина која се наталожува во белите дробови и создава болки при дишењето.

90
проценти од овие случаи се поврзани со работа. Најголем дел од заболените работеле во градежништво.

11 до 21
илјади долари добија некои од заболените градежници од пнеумокониоза откако започна штрајк против работодавците и ја добија поддршката од јавноста.

30
проценти пад на жртвите од рударската индустрија во Кина, откако минатата година беа затворени најголемиот дел од опасните мали рудници кои немаа соодветна опрема.

5 јуни 2013 - 22:13