Друже, толкав фан и геек за научна фантастика како мене ретко се раѓа. Дури пред некој месец, наместо секс, на една љубителка која ја прочитала само првата и објаснував колку томови има Dune и од каде потекнува секој вид во неа. Друг човек ќе ја заведува, јас и одржав усна одбрана на докторска дисертација за Френк Херберт. Романтиката умре, ама библиографијата ми е жива.
И додека другите мажи си ги празнат тестисите како нормални биолошки суштества, јас ја празнам сопствената полица со книги пред преплашено женско тело. Ебате Алфа мажјакот!
Со помош на Гугл докажав дека серијалот оди вака Dune (1965), Dune Messiah (1969), Children of Dune (1976), God Emperor of Dune (1981), Heretics of Dune (1984), Chapterhouse: Dune (1985). Шест книги, децении градење универзум, политика, религија, филозофија и последици од човечките одлуки.
Денешен холивудски сценарист не може континуитет да одржи меѓу две сцени, ама затоа има консултант за инклузивност и маркетинг-оддел што ќе ти објасни дека не си ја разбрал генијалноста. Во Холивуд логиката е дополнителна опрема. Се доплаќа.
Уствари, брат, последниве деценија-две научната фантастика ја снајде галактички Чернобил. Од Star Trek до Star Wars, франшизите што некогаш не тераа да размислуваме за иднината денес не тераат да се прашуваме дали сценаристите воопшто го прочитале сопственото сценарио. Нек ме ебе црнец ако не е така.
Star Trek Discovery остава впечаток дека сценаристите прво направиле список на сексуални ориентации и родови идентитети, одржале пет состаноци, па некој панично прашал: Абе, чекајте, ние што снимавме? Научна фантастика? Ставете брод во позадина, да не испадне дека сме ја утнале професијата!
Да расчистиме нешто ЛГБТК+ ликовите не се проблем. Црни ликови, жени команданти, различни култури и идентитети не се проблем. Star Trek од самиот почеток имаше идеја за иднина во која човештвото ги надминало дел од сопствените предрасуди. Проблемот е кога идентитетот го заменува карактерот, дијалогот и приказната. Кога ликот нема што да каже освен да објасни кој е, што чувствува и зошто сите околу него треба да го разберат, тогаш не гледаш лик, туку презентација на човечки ресурси со униформа на Ѕвездената флота.
Буквално гледаш состанок на синдикат во социјалистичко претпријатие, само со фазери на појасот! Секој има траума, секој има заменка, а вонземјаните во позадина чекаат кутриот капетан да заврши со терапијата за да можат на раат да ја уништат планетата!
Star Trek некогаш истражуваше морални дилеми, политички системи, војна, слобода, религија и човечка природа. Една епизода можеше да те натера да размислуваш за етиката и правдата. Денес понекогаш личи на кадровска комисија во вселената. Секој има презентација, никој нема приказна, а капетанот е задолжен за записникот. Фазерот на минимум, идеолошкиот брифинг на максимум.
Ако сакаш публиката да прифати различен лик, направи го интересен, противречен, паметен, смешен, себичен, храбар или кукавички. Направи го човечки. Не мора да ми држиш предавање за тоа колку е важен ликот ако не можеш да ме натераш да се грижам што ќе му се случи. Публиката не е непријател што треба да се превоспитува. Таа е причината поради која воопшто имаш серија.
А деновиве ја изгледав новата Star Wars трилогија со Реј. Каква Империја, какви џедаи, какви бакрачи, бе клошари! Милијарди долари, најскапи актери, легендарна франшиза, а сценариото изгледа како тројца пијани сценаристи да го пишувале во три сабајле на Вибер, без да се договорат што се случило во претходниот кадар.
Во The Force Awakens Реј е старокупуем на старо железо во пустина, а за пет минути станува мајстор на Силата, пилот подобар од Хан Соло и борец што му се спротивставува на обучен Кајло Рен. Лук мораше да учи кај Јода, да се соочува со сопствените слабости и да ја плати школарината со отсечена рака. Реј добива светлосен меч и доживотна премиум-претплата на Силата. Тренингот? Очигледно токсична институција од старата Република.
И повторно, проблемот не е што Реј е жена. Леја беше легенда. Рипли од Alien беше машина за преживување. Сара Конор се претвори од исплашена келнерка во жена што знае дека човештвото нема да преживее ако не се подготви за иднината. Тие ликови беа силни затоа што мораа да се борат, да грешат, да се плашат и да платат цена за своите одлуки.
Реј, напротив, често изгледа како лик што добил пристап до финалната верзија на сценариото уште пред да почне филмот. Нејзините способности се појавуваат кога на приказната и треба решение, а не кога ликот го заслужил преку искуство. Наместо да гледаме како станува херој, гледаме како сценариото ја прогласува за херој и очекува ние да ја завршиме емоционалната работа.
Ако сакав да гледам личност што секогаш е во право и никогаш не греши, ќе отидев на семејна слава и ќе ја прашав тетка ми за политика.
Уште поголем проблем е што новата трилогија не знае што сака да каже. Првиот филм е речиси повторување на A New Hope, со нова Ѕвезда на смртта, нов негативец и нова верзија на старата приказна. Вториот филм сака да ја деконструира митологијата, да ги руши очекувањата и да покаже дека старите херои не се недопирливи. Третиот панично се враќа назад, како студент што сфатил дека паднал на испит и се обидува да ја препише целата семинарска вечерта пред предавањето.
Тоа не е трилогија со јасна визија. Тоа е корпоративен комитет што секој филм го коригира според реакциите на претходниот. Еден режисер фрла коцка, друг ја фрла коцката низ прозорец, а третиот ја бара коцката и објавува дека цело време била дел од поголем план.
А Хан Соло? Легендарниот шверцер што од себичен профитер стана херој, децении подоцна повторно е шверцер во долгови, разведен старец и човек што побегнал од сопственото семејство. Од сите можни начини да се продолжи неговата приказна, некој одлучил дека најдобро е да го врати назад на почетокот, како ништо да не научил.
Потоа го жртвуваат на мост за Кајло Рен да добие драматична тежина. Тоа не е храброст. Тоа е сценаристичко салатерство, земаш нешто вредно, го сечеш на парчиња и се надеваш дека никој нема да праша зошто си го уништил.
Смртта на Хан можеше да биде моќна, трагична и неизбежна. Но за да функционира, мора да произлегува од приказната и од изборите на ликовите. Не е доволно да убиеш сакан лик и да очекуваш публиката автоматски да го смета филмот за сериозна уметност. Инаку, секој што ќе влезе во соба со секира може да се прогласи за Шекспир.
А Лук? Човекот што веруваше дека и Дарт Вејдер може да се спаси, одеднаш помислува да го убие сопствениот внук поради лошо претчувство. Лук, кој ризикуваше се затоа што веруваше дека во Вејдер се уште има добро, сега гледа темнина во Бен Соло и првата мисла му е да го реши проблемот со светлосен меч, идете бе ебете се! Изгледа дека децениите мудрост кај џедаите се сметаат како работен стаж, не како професионално искуство.
Во The Last Jedi Лук станува разочаран старец што се крие на остров и пие зелено млеко од вонземски цицки. Од спасител на галаксијата до пензионер што молзе непознати животни. Ако ова е уметнички напредок, тогаш и да ја заковеш Тојотата во бандера кај Рекорд со сто на саат, мртов пијан, можеш да го наречеш радикална критика на патната инфраструктура.
Деконструкцијата на херој може да биде одлична ако има убедлива причина. Ликот може да падне, да се скрши, да направи ужасна грешка и да го изгуби она што најмногу го сака. Тоа е драма. Но мора да остане препознатлив како човекот што некогаш бил, дури и кога се променил. Не можеш да уништиш лик што ја симболизирал надежта и потоа да очекуваш аплауз само затоа што си го нарекол тоа длабока уметност. Тоа е како да ја срушиш куќата и да се фалиш дека си го модернизирал покривот.
А потоа доаѓа The Rise of Skywalker. По два филма во кои ни објаснуваа дека потеклото не е важно, одеднаш дознаваме дека Реј е внука на Палпатин. А Палпатин, кој експлодираше во јадрото на Ѕвездата на смртта, се враќа со објаснување Некако Палпатин се врати.
Некако?! Тоа не е сценарио, тоа е звукот на мозок што се откажал од работа. Некако се вратил, некако преживеал, некако се, се вклопува. Со таква логика и Дарт Вејдер може да се врати како управител на паркинг во Тетово. Зошто? Па Некако.
Палпатин беше главниот негативец на оригиналната приказна. Неговото паѓање имаше значење затоа што беше поврзано со изборот на Вејдер, со жртвата и со враќањето на рамнотежата.
Кога ќе го вратиш без уверливо објаснување, не ја продолжуваш митологијата. Ја поништуваш. Им кажуваш на гледачите дека ништо што виделе претходно не е навистина важно, бидејќи секој мртов лик може повторно да се појави кога студиото ќе остане без идеи. И утре ќе ти наплати педесет денари за саат време паркинг кај Веро, оти нели Силата има чудни патишта. Одете згаснете се во Холивуд со тие ваши ебани мрзливи глави!
Поголемата застапеност на различни ликови не е проблем. Проблем е кога приказната станува жртва на маркетингот, а секоја критика се прогласува за морален дефект на публиката. Наместо да прашаме дали филмот е добар, расправаме дали сме доволно прогресивни за да кажеме дека е срање.
Сценариото лежи мртво на патос, а маркетинг-одделот му држи говор за инклузивната природа на неговата смрт.
Кога приказната е добра, публиката прифаќа речиси се. Ќе прифати вонземјани, роботи, телепатија, патување низ време и зелени мали мудреци што зборуваат како пензионирани граматичари. Но нема да прифати дека авторите не се потрудиле да им дадат смисла на сопствените идеи.
Научната фантастика не бара реалност. Бара внатрешна логика. Можеш да измислиш цела галаксија, но ако правилата се менуваат секогаш кога на сценаристот му треба излез, тогаш не гледаме фантастика. Гледаме скап хаос со музика на Џон Вилијамс.
Реј можеше да биде силна хероина без Лук да стане сенка на самиот себе, а Хан да заврши како половен реквизит. Новите херои треба да растат врз наследството на старите, не да ги газат за да изгледаат поважно. Не мораш да го запалиш стариот мост за да докажеш дека можеш да изградиш нов. Освен ако не знаеш да градиш, па ти останува само да палиш.
Силата нека биде со вас, друже. А на Холивуд му посакуваме навистина револуционерна идеј, прво напишете добра приказна, со уверливи ликови, логика и карактерен развој. Па дури потоа прчете се колку ви е премиум производот.
Во моментов не ви треба нова трилогија. Ви треба фабрички рестарт, ажурирање на оперативниот систем и целосна дијагностика на креативниот оддел. Сите до еден сте за фабрички рестарт.