Еднаш се дипломира

Добро, одиш во Дизниленд и не штедиш. Се возиш на што сакаш, им купуваш карти на пријатели, частиш по некоја пијачка, пак се возиш. Ама како е можно на тој начин да потрошиш 20 милиони долари?

 

Е па токму така. Саудискиот принц Фахд ал Сауд решил да го прослави свотео дипломирање во парискиот Дизниленд. Славел 3 дена со 60 свои пријатели и на крај за задоволството платил 19, 5 милиони долари.

Славењето подразбирало закупување цели сектори на забавниот парк како и специјално нарачани точки, каква што била некоја со раритетни Дизни ликови.

Еуро Дизни со городст ја објави ова фрапантна поединечна сметка. Лани паркот забалежал пораст на посетеноста од само 2 процента додека светскиот просек на порастот на продажба на влезниците во забавни паркови изнесува 5,2 проццента.

Богатството на семејството на славеникот се проценува на 52 милијарди долари.

5 јуни 2013 - 12:37