Само минатата година над 150 расистички напади беа забележани од полицијата, но далеку поголем број останува незабележан. Нападите не се само врз имигрантите, туку и врз луѓе кои се родени во Грција, но не се белци.
Црните пантери се организирани од имигрантите во Атина, и освен името немаат ништо заедничко со американската верзија на организацијата.
"'Не се плашам од оваа нео-нацистичка, глупа, идиотска група. Во Втората светска војна беа уништени, во Третата светска војна ќе ги збришеме од лицето на земјата. Јас сум член на Црните партнери и секој го знае ова. Па им давам (на Златна зора) директно предупредување - не се закачајте со црнците. И го мислам ова' изјавил еден од основачите на Црните пантери кој 28 години живее во Грција."
Освен Златна зора, имигрантите и сите што не се етнички Грци имаат сериозни проблеми со полицијата која постојано ги легитимира и им ги бара документите и дозволите за престој во земјата.
Деновиве Златна зора на ЈуТјуб го објави видеото од нивниот пратеник Илијас Панајотарос, како физички малтретира Македонец возач на камион за една македонска компанија.