Таг: нео-нацизам

„Девојките на Златна зора“ (2017)

Норвешки документарец за парламентарните избори во Грција од 2015, кога екстремно десничарската Златна зора беше трета по број на гласови. Но повеќе од тоа, ова е филм за женските ликови во приказната, моќни и целосно предадени на каузата.

Хрватски неонацист стана заштитен лик на нацистичките протести во Шарлотсвил

20-годишниот Петер Цвјетановиќ е главниот лик од фотографијата што се појави на речиси сите новински извештаи од нео-нацистичките демонстрации во американскиот град Шарлотсвил, кои започнаа по одлуката на тамошните власти да се симне споменикот на конфедерацискиот генерал Роберт Ли.

Кога животот не те остава да бидеш неонацист на раат

Стефан Јагш е германски политичар со сериозна наклонетост кон омраза мигранти, странци, не-белци, бегалци и сето она што составува здрав неонацистички карактер. Јагш, со сите свои натчовечки квалитети, прави сообраќајка. Животот му го спасуваат група сириски бегалци.

Нацисти против нацисти

Секоја година во ноември нацистите се собираат во Вунзидел и маршираат низ местото во сеќавање на Рудолф Хес (заменик фирер на Хитлер) кој до пред некоја година беше закопан таму. И годинава маршираа низ Вунзидел, ама овој пат локалците имаа подготвено сачекуша - за секој метар што ќе го пројдат нацистите, тие ќе донираат 10 евра на анти-нацистички организации. А маршот е долг.

Грчките нео-нацисти се бетер од што ги мислите

Колеле овци за да се навежбаат со нож, учеле како се погодува вратна жила на противникот. Па тренирале како со тенкови се освојува Парламентот, за оттаму да ја оправаат државата. СС униформи, перење пари, силување, убиство....

Шазам за наци музика

Германската полиција во иднина ќе користи смартфон апликација која за неколку десетини секунди ќе може да препознае забранета нацистичка песна.

Црните Пантери против Златна Зора

Емигрантите црнци во Атина почнаа да се организираат во групи за заштита и да ги патролираат населбите во кои живеат, за да се одбранат од постојаните напади од нео-нацистите од Златна зора.

Тенката граница меѓу сатирата и вистината

Чарлс Крафт е уметник-провокатор. Тој прави керамика од кремирани човечки остатоци и кравји коски: бокали со затворачи во форма на кукаст крст, бисти на Чарлс Менсон, макети на свадбени торти со симболи на Третиот рајх. До скоро сето ова се толкуваше како иронија. Но...