Хрватски неонацист стана заштитен лик на нацистичките протести во Шарлотсвил

20-годишниот Петер Цвјетановиќ е главниот лик од фотографијата што се појави на речиси сите новински извештаи од нео-нацистичките демонстрации во американскиот град Шарлотсвил, кои започнаа по одлуката на тамошните власти да се симне споменикот на конфедерацискиот генерал Роберт Ли.

"Како бел националист се грижам за сите луѓе. Сите ние заслужуваме иднина за нашите деца и култура. Белите националисти не мразат, туку само сакаме да го сочуваме она што го имаме," изјавил Цвјетановиќ за локалните телевизии.

Откако неговата фотографија се шири по медиумите и социјалните мрежи, Американецот со хрватско потекло кој се бори за американската историја го брише својот профил од Твитер, и објаснува:

"Не отидов таму за да правам насилни дела, тоа не беше целта на собирот. Никој не требаше да биде убиен. Жал ми е како излегоа работите, а на семејствата на жртвите им го изразувам моето сочувство. Се надевам дека човекот што е одговорен за ова ќе биде максимално казнет во согласност со законот, без разлика на личната идеологија."

Цвјетановиќ, кој е студент по политикологија и историја на Универзитетот Невада, Рино, вели дека не очекувал неговата фотографија толку брзо да се прошири на социјалните медиуми, и дека "се надева дека луѓето што ја споделиле фотографијата е волни да чујат дека тој не е гневен расист како што тоа изгледа на фотографијата".

Во досегашните судири во Шарлотсвил загинаа 3 лица, а 35 се повредени.

14 август 2017 - 10:09