Радикално-десничарската НПД јавно им се заблагодари на бегалците за нивната хуманост, откако група сириски баратели на азил му го спасиле животот на нивниот главен кандидат за регионалните избори во регионот Хесе.
Први на местото на несреќата застанале двајца Сиријци кои го извлекле телото на сериозно повредениот Јагш од остатоците од автомобилот и му дале прва помош, пред да се појави брзата помош.
Во моментот кога стигнала брзата помош, на местото веќе имало две комбиња со 16 бегалци. Сиријците кои го извадиле Јагш, им кажале на пожарникарите дека тој имал безбедносен појас за време на несреќата, и дека бил комплетно свесен додека го ваделе.
Регионалниот лидер на партијата, за локалните весници изјавил дека Сиријците "извршиле многу добро, хумано дело."
НПД на локалните избори во март, во истата област во која се случи сообраќајката успеа да собере 10,2% од гласовите благодарејќи на анти-азилантската реторика. Самиот Јагш во јануари учествуваше во нео-нацистички марш посветен на бегалците.