
Целата идеја се врти околу супер хероите. Игралната во болницата е направена да изгледа како да е од Лига на правдата (Justice League), а кесите со хемотерапија се ставени во пакувања со знаците на Супермен, Бетмен, Грин Лантерн или Вондер Воман, и на децата им се преставени како "супер-формула."
За децата се нацртани и специјални изданија од стриповите, во кои Мрачниот витез и пријателите, со помош на "супер формулата" победуваат болести како ракот за да ја продолжат својата борба против злото.