Архитектонските фантазии од Њујорк

Станицата Пенсилванија е најпрометната железничка станица во САД, која опслужува околу 300.000 патници дневно. Над неа се наоѓа Медисон Сквер Гарден. Станицата веќе работи со два пати поголем капацитет од предвиденото, салата е на добар пат да ја изгуби дозволата за поседување на земјиштето на кое е изградена. Сега бараат решенија.

До сега има предлози од четири компании Diller Scofidio + Renfro, H3 Hardy Collaboration Architecture, SHoP Architects и Skidmore, Owings & Merrill LLP. Сите компании требаа да дадат решение за новата станица и Медисон Сквер Гарден, и во сите проекти салата треба да биде над станицата.

Конкурсот започна со цел да се поттикне дискусијата за иднината на Медисон Сквер Гарден, чии сопственици не успеаа да добијат "вечно" обновување на дозволата за управување со земјиштето над станицата. Во исто време тие побараа и решение станицата која е изградена да работи со капацитет од 200.000 луѓе дневно.

Diller Scofidio + Renfro предлагаат преселување на Медисон Сквер Гарден и проширување на станицата Пенсилванија во висина. Плус во проектот треба да бидат вклучени и објекти како театар и спа.

H3 Hardy Collaboration Architecture би ја преселиле Медисон Сквер Гарден на платформа од 6,4 хектари над реката Хадсон.

SHoP Architects сакаат проширување на главната сала на станицата и нејзино опкружување со паркови и придружни објекти. Станицата би била поврзана со новата сала преку "Хај Лајн" паркот изграден на поранешната железничка линија низ градот.

Skidmore, Owings & Merrill LLP го даде еден од највселенските предлози, во кој станицата ќе се наоѓа под висечки парк, чии столбови се четири згради. Паркот ќе биде на нивоа, а секое од нив ќе има канцеларии, станови и зелени површини.

 

3 јуни 2013 - 13:27