Alcon Entertainment, едни од главните продуценти на филмот, се уште не откриваат дали новиот Блејд Ранер ќе биде продолжение или "приквел" на оригиналот од 1982-ра.
Враќањето на Ридли Скот е гарантирано, а тој смета и на Харисон Форд за репризирање на неговата улога. Скот ќе биде и ко-продуцент на филмот.
Проектот чека комплетирање на екипата со сценаристот Мајкл Грин, на кој ќе му биде доверено пишувањето на филмот.
Оригиналот е направен пред 30 години, според романот на Филип Дик "Дали Андроидите сонуваат електрични овци?" и е адаптиран од Хамптон Фамчер и Дејвид Пиплс. Ова беше прв филм на Скот по Вонземјанин.