
Истражувањето меѓу Американците открива дека посебно кај средната класа и малку над неа, среќата зависела од нивната финансиска состојба во споредба со оние околу нив.
"Асистентката на одделот за финансии и економија на Универзитетот Колумбија, Енрикета Равина која ја спровела анализата објаснува дека: 'лицата кои заработуваат помалку од американскиот просек не ги изедначуваат повисоките приходи со нивото на среќа. Една од причините е што тие се повеќе фокусирани на секојдневните потреби и себе не се споредуваат финансиски со своите соседи. На другата страна, ниту најбогатите 10% не ја дефинираат својата среќа врз основа на приходите.'"
Според неа, средната класа има доволно средства за да ги покрие своите основни потреби и заради тоа стигаат да бидат и љубоморни на соседите.
Заради ова тие почесто сакаат да бидат во комуникација или во друштво на побогати поединци, "што го постигнуваат со купување на својот пат на скалилото на богатството со набавување на видни работи како скапи автомобили."