При отпуштањето на 18% од сегашните вработени, ЦЕО-то на Зинга објасни:
"Големината која одлично ни служеше во градењето и испорачувањето на водечкиот сервис на интернет за социјален гејминг, сега ни отежнува успешно да предводиме во мобилните уреди и другите платформи, на кои социјалните игри ќе бидат играни во иднина."
Иако префрлањето на мобилни уреди Зинга можеше побрзо да го изигра, а и самата категорија "casual games" во теорија е перфектна за мобилни, овој неуспех не е главната причина за падот на Зинга.
"Вистинската причина за неуспехот на Зинга е што нејзините главни игри едноставно не се многу интересни. Или да позајмам од терминологијата на Гавкер, тие се 'отупувачки глупи.' Натпреварот за привлекување на вниманието на гејмерот на мобилните уреди е напнат. Природната селекција е брутална кај онлајн игрите. Првичниот успех на Зинга се должеше и на фантастичниот раст на Фејсбук, меѓутоа кога мина чувството на ново, очекувањата на играчите се зголемија."
Дури и да успееше да се префрли на мобилен, Зинга ќе се префрлеше со досадни игри, и ова повторно немаше да им успее, без разлика на сите реорганизации на компанијата.