Вести

Филантропија:

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Додека се расфрла со стотици милиони долари за политички кампањи (годинава веќе дал 275 за републикански кандидати), Илон Маск отворено ги презира филантропите. За нив тврди дека прават повеќе штета отколку полза за општеството. А, сепак, Маск ја има петтата најбогата добротворна фондација во САД. И ја користи за претурање пари и даночни олеснувања.

Израелски фирми шпионираат преку онлајн огласи

Бизнисот со онлајн рекламирање, освен што отвора сериозни прашања за нарушување на приватноста, може да послужи и како канал за големи шпионски кампањи. Израелската фирма за дигитално рекламирање помагала да бидат идентификувани и следени корисници кои посетувале одредени страници на интернет или користеле апликации со малициозни реклами.

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Брисел настојува „дигиталниот паричник“ да биде стандард за докажување на идентитет пред банките, иако Европската Унија го претстави како опционален за граѓаните на доброволна опција. Алтернативните проверки и понатаму би биле дозволени, но само како исклучок, кој банката би морала да го оправдува пред надзорен орган.

Речник

Европа, окупиран континент

Европските земји ги поткопуваат своите суштински економски и безбедносни интереси. Потчинетоста кон трансатлантските интереси може да се објасни единствено како вазализација. НАТО не функционира како одбранбена организација, туку како апарат за контрола, а ЕУ како политичко крило на овој империјалистички поредок, забележува Томас Фази во обраќање на форумот Исток-Запад во Истанбул.

Купуваат милост од Трамп со донации за Салата за бал

Произраелски магнат на казина, технолошки гиганти, производители за оружје се најголемите донатори за Салата за бал во Белата куќа што ја гради Трамп. На списокот што протече до јавноста врие од компании и директори што склучиле договори со владата, извлекле корист од регулаторни мерки или добиле помилување од претседателот.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Не можеш да бидеш и панкер и естаблишмент

Деновиве излезе "Дани затворених врата", најновото од Хладно Пиво. Подеднакво свежо е и интервјуто со нив на тема панкери, бунтови, млади револуционери, панкерско брендирање...

Со сила, за туѓо добро

Францускиот парламент вети дека ќе почне да се справува со "националната епидемија на фрлање храна," и за почеток им нареди на супермаркети непродадената храна (која се уште може да се јаде) да ја донираат на добротворни организации.

Планот да се пресели еден цел град

Може ли еден град, сосе партали, да се собере и да киниса на друго место? Го нарекуваат најрадикалниот урбан релокациски проект во овој век - шведскиот град Кируна планира да се сели. Топтан, сосе 18,200 жители.

Непотребноста на тестот за паралелно паркирање

Луѓето треба да научат паралелно да паркираат и тоа е нешто клучно што мора да се знае за урбано преживување, ама бесцелно е ова да се полага на тестот за возачка, "одзема премногу време и никој не загинал возејќи 5 км/ч."

Сè поопасната ситуација која моментално се развива на Балканот

Пред некое време Advance.hr објави сериозен и опширен текст за Македонија, но по кратко време решава да му ги извади најсочните делови, и тоа со добронамерна причина. Знаат дека истиот тој текст овде, во Македонија ќе стаса распарчен (секој ќе си земе од него тоа што му годи на уво) па го реобјавуваат во скратена верзија, оставајќи го само заклучокот на авторот.

15 години затвор може да изгледаат - далеку

Шефот на некогашната тајна полиција на Пиноче доби затворска казна од 15 години. Ајде, ајде, се издржува тоа, ќе рече човек. Ако не знае дека истиот веќе служи затворска казна од 490 години.

Рециклирачките на облека

"За тие луѓе водата е многу скапа и затоа алиштата ги носат само неколку пати, и потоа ги фрлаат," е објаснувањето на една од Индијките за купиштата алишта што од Запад им пристигнуваат за рециклирање.

Министерот за финансии пригоден за грчка трагедија

Ако Грција во многу скоро време не добие пари на заем земјата може ќе биде присилена да ја напушти Еврозоната. И покрај ова Грција ни под разно нема да прифати голем број од условите што се бараат од нејзе. "Проклет да сум ако прифатам уште еден пакет на економски политики кои ќе ја продолжат истата криза. Тоа не е она за што бев избран," гневно и објаснува Варуфакис на новинарката на Њујорк Тајмс.

Зградата од 25 милиони долари што никој не ја сака

Не само што не ја сакаат зградата, туку никогаш не им била потребна, ниту пак некогаш ја искористиле, а изградена е и покрај тоа што 3 американски генерали по ред се обиделе да го сопрат проектот.

Во светот на платите

Список на најплатените работни позиции во компанијата Тесла. Листата е од професии кои работат нешто, без церемонијалните и непродуктивни титули како човечки ресурси, среден менаџмент, процедури и најразлични директори.

Зошто се исплати да си кретен

Исто како што по вашите лични искуства имате аргументи и зошто човек треба да биде кретен во животот, и зошто треба да биде коректен кон другите, така и книгите и стручната литература имаат аргументи за двете работи. Ако се прашува науката, по ново, таа избира за првата варијанта.

Рак на човечност

Четири добротворни организации за помош на заболени од рак од 2008-ма до 2012-та собираат 187 милиони долари во донации. Од овие пари само 3% се користат за помош на заболени од рак. Бонус: сите четири организации ги води едно семејство.

Митот за убиството на бин Ладен

Текстот во Њујорк Тајмс од пред некој ден за упадот на Делта Форс во Сирија и убиството на еден од лидерите на ИД, раскажува приказна која уште пред неколку години беше номинирана за Оскар за најдобар филм.

Македонија, новото американско-руско бојно поле

Македонија е сиромашна копнeна балканска држава со околу 2 милиони луѓе. За Кремљ таа е најновиот фронт во идеолошката битка а САД подбуцнува промена на режимот за да се намали влијанието на Русија.

Жени кои примаат "бонус за сопруга"

Убаво и благородно звучеше она дека жената треба да се цени и по тоа што прави за семејството, како домаќинка и мајка. Во најновиот развој на настаните, таквото ценење добива форма на паричен бонус, како во компанија.

Зошто машките воопшто постојат?

За почеток луѓето што ја истражуваат темата сакаат да истакнат дека самото постоење на машкиот пол е крајно збунувачко, по основа дека неговата работа е само придонесување на генетски материјал. Истражувано е 10 години.

Шарли Ебдо остана без својот пророк

Еден од нивните клучни луѓе, оној кој остана жив да ја нацрта првата насловна по шокантниот масакр во редакцијата, изјави дека го напушта сатиричниот магазин.

Аналитичарот во Џегер

Новото пророчко изненадување после Пол, октоподот што ги предвидуваше резултатите на Светското во фудбал, се вика Мик, и освен што пее во една од најпознатите групи на сите времиња, очигледно е талентиран и за предвидување изборни победи и порази.

Надворешната политика на САД на погон на ЦИА

Моментално ЦИА и Пентагон независно спроведуваат исти тренинг мисии на умерената опозиција во и околу Сирија. Ако по некоја случајност "овие два столба на националната безбедност се судрат околу Ирак и Сирија, би било грешка да се претпостави дека ЦИА ќе биде поразената страна... ЦИА ги добива овие битки од почетокот на војните пред 14 години."

Британија се од ЕУ корнеше?

Истите конзервативци што ги убедуваа Шкотите да не се отцепуваат од Британија, по победата на изборите имаат задача до 2017-та да испорачаат референдум за излегување на Британија од ЕУ.

Приказната за Грција во дваесетина точки

Раскажувачот на приказната е Грк кој живее во Америка, и кој заради неговото потекло често пати е прашуван што мисли за целата криза. Почнува вака: "Грчката криза на многу начини е едноставна приказна; предвидлив резултат на политики и културолошки особености."

За она што жената ја прави кучка

Мислиме на онаа специфична женска одлика која во англискиот е позната како „бичинес". Тоа е индиректна агресија којашто жените ја покажуваат кон други жени, дури и при клинички истражувања. Што па толку им згрешиле?

Каде оди Вајс?

Она што денес е медиумска империја проценета на околу 4 милијарди долари, на која и завидува секој можен традиционален и каков било друг медиум што се обидува да ја освои младата публика, започнува со работа во 1994-та како магазин за музика и мода.

Порака на Тим Кук до студентите

Извршниот директор на Епл имаше една едноставна порака до оние кои годинава завршуваат факултет околу нивната дилема што и како понатаму во животот: да прават нешто добро или - да им оди добро.