Џегер во текот на последните избори во Британија успеа во она што бројните анкети и експерти потфрлија - да предвиди мнозинска победа на конзервативците. Џим Месина, американски советник на Ториевците којшто, колку и да звучи необично, е поранешен член на тимот на Барак Обама (значи демократски консултант на конзервативци), го опишал легендарниот пеач како „еден од најупатените политички набљудувачи" коишто ги сретнал.
Во интервју за Politico Месина изјавил дека Мик целиот живот бил „политички џанак", а дека неговото познавање за политиката се должи на опсесивното читање, дури и за време на тури со групата.
„Ќе победите", му рекол сер Ник кога тие се сретнале на вечера токму пред изборите. Кога Месина го прашал од каде има таков впечаток, овој му објаснил дека е сигурен дека Камерон ќе се врати на позицијата затоа што „просечниот човек мисли дека тој носи тешки одлуки и дека заради тоа работите стануваат малку подобри", а дека на опозицијата се гледа како на враќање кон минатото. Колку и да звучи едноставно, изјавата на Мик излегла пророчка.
Ако веќе не доаѓа за концерт, да го викнеме како аналитичар кај Чом.