Го користел псевдонимот Мајн Клу Гарнет. Вистинското име му било Toртон Џенкин Хајнс. Денес ретко кој го препознава и по едното и по другото. Останал запомнет само како „писателот што ја предвиде катастрофата на Титаник“.
Старите филмови во основа не претставуваат свет многу поразличен од нашиот. Освен еден детал - што во нив нема интернет и мобилни телефони. Ама еден француски филм снимен кратко време по Втората светска војна сепак прави и едно вакво предвидување.
Новото пророчко изненадување после Пол, октоподот што ги предвидуваше резултатите на Светското во фудбал, се вика Мик, и освен што пее во една од најпознатите групи на сите времиња, очигледно е талентиран и за предвидување изборни победи и порази.
Луѓето кои го познавале Дон Ван Вилет аka Бифхарт кажуваат дека тој имал необични дарби, кои ги надминувале оние музичките. И дека, меѓу другото, го предвидел убиството на Џон Ленон.
Порно ѕвездите не се некои посебни јасновидци (освен кога сабајлечки имаат некакво чувство дека дента ќе наебат), но ако еден орангутан со години успешно го предвидува исходот на американскиот Супербоул, зошто тие не би можеле да погодат кој ќе добие Оскар? Еве ги нивните тикети: