Цртачот Ренал Лузие, познат како Луз, соопшти дека од септември заминува од магазинот и дека тоа нема врска со внатрешните тензии во редакцијата туку дека работењето без неговите загинати колеги станало неподносливо.
"Секој нов број е измачување, Да минуваш безброј непроспиени ноќи мислејќи на мртвите и на тоа што Шарб и другите сега би направиле, тоа комплетно ме исрцпи".
Неделникот стана светски познат откако двајца браќа исламисти решија да им пресудат на луѓето кои се заебавале со нешто "што не е за заебанција", убивајќи 12 луѓе во редакцијата на весникот.
Луз ja нацрта првата насловна на магазинот по ужасната трагедија, онаа на која под зборовите "Сè е простено" Мохамед вели "Je Suis Charlie".
Тој број се продаде во 8 милиони примероци (еден заврши кај нас во редакција, фала Пимен) што е француски печатен медимуски рекорд на сите времиња.
Луз најави и дека веќе нема да го црта муслуманскиот пророк бидејќи тоа веќе не го занима.
"Многумина ме тераат да продолжам но, забораваат дека за да продолжи човек, треба да има инспирација", рече Луз.
Пред пукањето во Париз, Шарли Ебдо беше пред банкрот. Oткако стана глобален симбол на слободата на говорот, собрал 4,3 милиони долари од 36.000 луѓе од 84 различни земји. Редакцијата соопшти дека сите пари ќе одат кај семејствата на жртвите.