Приказната за Грција во дваесетина точки

Раскажувачот на приказната е Грк кој живее во Америка, и кој заради неговото потекло често пати е прашуван што мисли за целата криза. Почнува вака: "Грчката криза на многу начини е едноставна приказна; предвидлив резултат на политики и културолошки особености."

1. Дефинирање. Зошто Грција е заглавена во проблеми?


2. Дали Грција е заглавена затоа што Грците не работат доволно напорно, на пример како Германците? Не.

 

3. Па ако Грците работат напорно, како тоа не произведуваат доволно за да ги покријат своите обврски?

 

4. Зошто продуктивноста е толку ниска? Низ годините политичарите само ја зголемуваат бројноста на Владата. Тие исто така сакаат и да регулираат. Во изминатите 30 години тие имаат изгласано 4.000 нови закони и 110.000 министерски директиви. Ти требаат многу луѓе за да ги спроведеш овие закони. Јавните службеници во Грција добиваат доживотен мандат. Политичарите радо ја зголемуваат администрацијата во замена за поддршка од гласачите.

 

5. Во исто време Грците обожаваат да штрајкуваат за повеќе бенефиции. Политичарите секогаш со задоволство нудат повеќе.

 

6. Корупција? Грција е на дното во рамките на ЕУ.

 

7. Згора на ова Грците порано се пензионираат...


8. Заради ова и има и поголем сооднос на зависност (сооднос меѓу луѓето на возраст над 65 години плус деца до 15 години на сто луѓе на работна возраст меѓу 15 и 65 години). Во реалноста ова значително ја потценува вистинската стапка на зависност, бидејќи државата страда од висока стапка на невработеност кај младите и голем дел од луѓето се пензионираат пред 65 години. Со други зборови, приходите за живот на премногу луѓе зависат од премалку вработени.

 

9. Во исто време владата нема доволно приходи. Како го знаеме ова? Грција ја има најголемата - како процент од економијата - сива или подземна економија.

 

10. Како тие избегнуваат даноци? Најголемиот дел од луѓето работат во мали бизниси што вршат трансакции во готово кои лесно можат да бидат скриени.

 

11. Исто така, бројот на овие бизниси се намалува...

 

12. Додека во исто време ДДВ-то останува доста релативно во однос на остатокот од Европа...

 

 

13. Да сумираме, Грција не изгледа како одлично место за бизнис.

 

14. Колку е лошо? Една група ја рангира земјата како 130-та во светот...

 

15. Ок, да повториме. Што се случи до сега?

 

16. Дали Грција постигна било што во овој процес? Грција всушност имаше раст во првите три квартали од 2014-та.

 

17. Што се случи во 4-от квартал од 2014-та? Гледајќи ја 15-та точка ќе ти стане јасно зошто на Грците им беше преку глава од постојните мерки за штедење. Па тие решија да изберат радикална левичарска партија која вети дека ќе ги поништи претходните политики. Како и да е, изгледа дека потрошувачите немаа толку голема доверба дека новата левичарска влада ќе може да постигне договор со партнерите од Еврозоната.

18. Како што растеше стравот меѓу инвеститорите, така и цената на позајмување од пазарите почна да скока...

19. Што треба сега Грција да направи? Ова е листата на препорачани политики од ОЕСР за одржливо закрепнување, слично на духот на реформите предложени од грчките партнери од ЕУ.


20. До сега владата на Сириза не покажа никаков знак на согласување со партнерите од Еврозоната, наместо тоа избирајќи да спроведува ветувања од кампањата за укинување на голем број од реформите од претходните влади. Некои во левата коалиција отворено се залагаат за прогласување банкрот, напуштање на еврото и враќање на драхмата. Всушност има и некои економисти кои тврдат дека ова би било најдобро за Грција бидејќи би и дозволило да биде конкурентна на глобалните пазари. Иако изгледа добро во теорија во отворена функционална економија, првиот пат кога Грција избра социјалистичка влада која следеше слични политики, драхмата имаше речиси слободен пад...

 


21. Во оваа ера на несигурност, бизнисите и инвеститорите ги одлагаат инвестициите и го запреа економскиот раст, терајќи ја Европската комисија да ги намали очекувањата за раст.

 

via

18 мај 2015 - 15:22