Тоа е лажна дилема. Не мора да бирате меѓу тоа да правите нешто добро и да ви оди добро. Вредностите се вашата ѕвезда Северница. Работата добива нова смисла кога имате чувство дека сте насочени во вистинската насока. Во спротивно, таа се сведува само на работа, а животот е краток за "нешто да се работи".
Ова им порача Том Кук на дипломците од Универзитетот Џорџ Вашингтон велејќи им дека не мора во животот да влегуваат со помисла дека за плата ќе мора да ги жртвуваат своите вредности.
Вели дека тој оваа лекција ја научил пред 17 години кога го сретнал Стив Џобс кој го убедил да ја напушти работата во Компак за да дојде во една не баш најјасна компанија за да го менуваат светот.
"Тогаш мислев дека работа си е работа а вредностите се за друго место. Да, постоеа нешта кои сакав да ги сменам во светов, но мислев дека тоа треба да го правам во слободното време, а не на работа. Стив не мислеше така," рече Кук.
Говорот на Кук: