Вести

Филантропија:

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Додека се расфрла со стотици милиони долари за политички кампањи (годинава веќе дал 275 за републикански кандидати), Илон Маск отворено ги презира филантропите. За нив тврди дека прават повеќе штета отколку полза за општеството. А, сепак, Маск ја има петтата најбогата добротворна фондација во САД. И ја користи за претурање пари и даночни олеснувања.

Израелски фирми шпионираат преку онлајн огласи

Бизнисот со онлајн рекламирање, освен што отвора сериозни прашања за нарушување на приватноста, може да послужи и како канал за големи шпионски кампањи. Израелската фирма за дигитално рекламирање помагала да бидат идентификувани и следени корисници кои посетувале одредени страници на интернет или користеле апликации со малициозни реклами.

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Брисел настојува „дигиталниот паричник“ да биде стандард за докажување на идентитет пред банките, иако Европската Унија го претстави како опционален за граѓаните на доброволна опција. Алтернативните проверки и понатаму би биле дозволени, но само како исклучок, кој банката би морала да го оправдува пред надзорен орган.

Речник

Европа, окупиран континент

Европските земји ги поткопуваат своите суштински економски и безбедносни интереси. Потчинетоста кон трансатлантските интереси може да се објасни единствено како вазализација. НАТО не функционира како одбранбена организација, туку како апарат за контрола, а ЕУ како политичко крило на овој империјалистички поредок, забележува Томас Фази во обраќање на форумот Исток-Запад во Истанбул.

Купуваат милост од Трамп со донации за Салата за бал

Произраелски магнат на казина, технолошки гиганти, производители за оружје се најголемите донатори за Салата за бал во Белата куќа што ја гради Трамп. На списокот што протече до јавноста врие од компании и директори што склучиле договори со владата, извлекле корист од регулаторни мерки или добиле помилување од претседателот.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Глобалното затоплување удри на векната леб

Од истата количина на пченица од која денеска се добива еден леб, до 2050-та ќе се вади помала векна леб исклучиво заради глобалното затоплување кое ќе го намали нивото на протеин во зрното.

Зошто не се бомбардираше Аушвиц?

Поглаварот на Римокатоличката црква ги потсети денешните големи сили на едно непријатно прашање од Втората Светска војна: Кога веќе Сојузниците знаеле за ужасот во Аушвиц, зошто никогаш не ги бомбардираа железничките линии кои водат кон овој логор на смртта?

Религиозниот аспект на модерните диети

Како гуруата на здравата исхрана го навлекоа западниот човек на класичен верски наратив спакуван во површна научна реторика?

Зошто на Харвард му требаат и "глупи" деца

Малком Гладвел од таа страна на светот е познат како новинар и автор на пет книги, од кои сите пет се на бестселер листата на Њујорк Тајмс. Од оваа страна на светот е познат по еден ТЕД говор кој го почнува со совршениот рецепт за сос за шпагети а го завршува со природата на изборот и среќата.

Африкански дилеми кои звучат познато

Интересен текст за она што ги кочи земјите од Африка во нивниот политички развој: изборот меѓу оние кои користат државни удари за да дојдат на власт и оние кои користат државни удари за да дојдат на власт. А никој не сака да си оди од власта. 

Како заврши пролетта во Египет

Беше Мубарак, па дојде Морси и Муслиманското братство а потоа со помош на либералната и секуларна елита, влијателната египетска армија сето тоа брутално го задуши и од пролетта не остана ништо. И додека новите фараoни на Египет му се ситат на претходникот (деновиве осуден на смрт) силите на ИСИС си газат, освојувајќи територии источно од Каиро.

Трката за станување чувар во германски затвор

Годинава околу 300 луѓе ќе се пријават за работа како чувари во казненопоправни установи во еден затвор во земјата. Од нив само 30 ќе бидат примени во тренинг програмата. Само за да минеш квалификации треба да имаш коефициент на интелигенција над 100.

Цената на совршено убавиот зеленчук и овошје

Тоа што супермаркетите постојано изгледаат како од реклама, и секое парче овошје или зеленчук е совршено идентично и привлечно за око, е главната причина зошто 40% од одгледаното овошје и зеленчук во САД се фрла пред воопшто да биде избрано за продавница.

Убави и кутри

Откако модел ќе потпише за некоја агенција, треба да поминат неколку месеци до година пред тој да почне да заработува од ангажмани. Во ова време агенцијата му дава пари за кирија, храна и џепарац. Агенцијата бара да и ги вратат парите кога моделот ќе почне со работа. Проблемот е што некои завршуваат со долг од 20.000 долари и никога не ни почнуваат да работат.

Од каде доаѓаат мигрантите во ЕУ, и кој ќе остане

Од Нова година до сега над 100.000 луѓе на црно имаат стигнато во ЕУ само преку Медитеранот, а за првите 3 месеци од годинава 185.000 луѓе побарале азил во Унијата, околу 90% повеќе отколку минатата година.

Ако муслиманите се "терористи", а црнците се "насилници", како тоа белците се "ментално болни"?

Медиумите веќе започнаа да го користат "ментални болести" наративот за опишување на осомничениот убиец Дилан Руф. А зошто да не го наречат осомничен терорист?

Ким Јонг-Ун најде лек за СИДА, ебола и рак

Тврдењето за чудотворниот лек доаѓа од државната новинска агенција и тој не само што ги лечи овие болести туку и ги има искоренето. Она што на остатокот од светот не му успеа да го направи со целата наука, ресурси и кадар на располагање, на Северот му успеа со лек базиран на женшен.

Стујарт за убиството на 9 луѓе во Чарлстоун

Вечерта Стујарт ја почна крајно отворено објаснувајќи каков му е работниот ден - сабајле доаѓам на работа, ги прегледувам вестите на денот, пишувам шеги за нив, правам неколку фаци и си одам дома, денес не си ја завршив работата, се извинувам, ама немам ништо за вас... освен тага.

Минусот од 140 милиони долари што никој не го есапи

Од феноменален потенцијал пред премиерата Тумороуленд се претвори во едно од најголемите финансиски и кино разочарувања на Дизни, кое на студиото му потроши цели 330 милиони долари, од кои околу 140 милиони долари никогаш нема да ги види. И никој не е загрижен околу ова, ниту Дизни, ниту инвеститори.

Како да купиш руски тенк (упатство за цивили)

Има две ограничувања, првото е дека можеш да го купиш само на старо (ама првата газдарица била една постара госпоѓа и го возела само до пазар и супермаркет), и второ на располагање го имаш само Т-72 моделот. Цена - 50.000 долари.

Грција ги обвинува сите освен себе си за економските проблеми

Текстот за Гардијан е на Хари Теохарис, поранешниот директор на грчката служба за собирање даноци а.к.а. грчкото УЈП.

Најпознатиот месар на светот

"На животните мора да им пружите апсолутно милосрдие во нивната смрт", вели човекот чија приказна е доказ дека со што и да се занимавате, ако тоа го правите доволно страсно и посветено, луѓето ќе дознаат за вас, каде и да сте.

Како фото-сесиите го држат Путин на власт

Додека останатите политичари имаат невпечатливи слики од официјални посети или политички митинзи, Путин го памтиме како јава коња (полу гол), како лови риба (полу гол), како плива со делфини, како заспива тигар, како вози формула...

Деконструкција на Магна карта

Деновиве навршија 800 години откако Магна карта доби штембиљ. Документот има речиси митско значење во англо-американскиот правен систем. А каде има мит, има и потреба од деконструкција на истиот.

Вера, наука и Папа

Во изминатите децении американските републикански кандидати за претседател се повеќе го спуштаат прагот на толерантноста кон науката. Па така за некои од попроминентните кандидати во обид за фаќање на што е можно повеќе гласови не е проблем да не веруваат во научните резултати околу климата или еволуцијата.

Почнаа црните рекорди за грчките банки

Додека Европа и Грција да се договорат каков ќе биде спасот на земјата, Грците во просек повлекуваат од 200 до 250 милиони евра на ден од локалните банки.

Помалку јадење е многу поважно отколку повеќе вежбање

Ако дебел човек консумира 1.000 калории повеќе отколку што согорува, нив може да ги потроши само со вежбање. Проблемот е што со 30 минути џогирање ќе потрошиш само околу 350 калории. Или истото ова може да го постигне со елиминирање на 1 литар газирани пијалаци.

ММФ: Само богатите имаат ќар од парите на богатите

Извештај изработен од 5 економисти на ММФ ја отфрла идејата за "економија на прелевање," односно дека целото општество има корист од богатењето на најбогатите, и препорачува дека ако владите сакаат да ја зголемат стапката на раст треба да инвестираат во најсиромашните 20% од граѓаните.

Паркот Јура, финансиска конструкција

Изградба на забавен парк со истиот капацитет и изглед како тој од филмот, ќе чини 23,4 милијарди долари. За да функционира паркот а да не банкротира, ќе треба да заработува 11,9 милијарди долари годишно.