За машките манекени

Убави и кутри

Откако модел ќе потпише за некоја агенција, треба да поминат неколку месеци до година пред тој да почне да заработува од ангажмани. Во ова време агенцијата му дава пари за кирија, храна и џепарац. Агенцијата бара да и ги вратат парите кога моделот ќе почне со работа. Проблемот е што некои завршуваат со долг од 20.000 долари и никога не ни почнуваат да работат.

Во документарецот на темава, UnGlamorous, се следи моделот Камерон Кислинг, кој цела година работи пред да ја добие насловната на италијанскиот Вог, за која го фотографира еден од најголемите модни фотографи. Кислинг не добива ништо за оваа фото-сесија. Слично минува и на париската модна недела, каде има забележителен настап, ама пак ништо не го плаќаат.

После година дена работење и живеење во Њујорк, Кислинг нема заработено ниту еден долар.

За разликата од останатите уметнички кариери, каде што траекторијата се провлекува по една, две децении пред човек да изгради име, животниот век на кариерата на машки манекен трае низ 20-те години, и потоа "ретко, ама ретко кој" продолжува со работа.

22 јуни 2015 - 13:10